Враќањето на Ана Грин

Враќањето во живот на млада англиска девојка било наречено медицинско чудо, но истовремено е и медицински пример за навремена помош на лекарите.

Ана Грин била жител на градот Оксфордшир. Младата жена работела како слугинка во куќата на Сер Томас Рид. Заведена од внукот на сопственикот на имотот Џефри Рид, Ана забременува. Младата жена се обидува да го скрие статусот, но кога и се случува спонтан абортус,таа носи погрешно решение и го крие телото на детето во зградата. Домаќинството ја открива нејзината тајна. И покрај фактот што лекарите утврдуваат дека бебето било родено мртво, жената е обвинета во чедоморството, што во тоа време се казнува со смрт со бесење.

ана грин

На 14-ти декември 1650 на плоштадот “Cettle yard” сè било подготвено за јавната егзекуција на Ана Грин. На патот кон бесилката, Ана зборувала за сомнителниот морал, за нејзиниот поранешен работодавец.  Жената ги уверува сите дека е невина и не би причинила смрт на дете, но џелатот ја извршува казната.

Присутните пријателки на Ана се стремеле да го олеснат нејзиното страдање, преземајќи дел од тежината на нозете на рамената, додека некои луѓе од толпата се поставиле агресивно, удирајќи го телото на младата жена во областа на градниот кош.

Законски телото морало да виси на бесилката околу половина час, по што требало да се соблече и се однесе до куќата на доктор Вилијам Пити (1623 година-1687 година). Во согласност со декрет од царот, на сите егзекутирани тела требало да се направи обдукција. Во куќата на д-р Пити се собрале познати англиски лекари, меѓу кои Ралф Батерст (1620 – 1692), Томас Вилс – (1619 -1687) и Хенри Кларк (1622. 1675).
Медицинските лица се подготвувале да го направат првиот засек по телото на Ана, кога лекарите слушнале тивок крик од градите на девојката. Лекарите побрзале да ја реанимират младата жена. Тие излеале топла течност во нејзиното грло и започнале брзо да ги загреваат нејзините нозе и раце за да одржат циркулација. Потоа лекарите ги преврзале екстремитетите на Aна, за да се зголеми протокот на крв во мозокот. Дванаесет часа подоцна, жената веќе била во можност да зборува, а до крајот на денот можела да одговара на прашања. По еден месец жената била целосно заздравена.

Лекарите кои учествуваат во спасувањето на Ана Грин составуваат детални извештаи, во кои го опишуваат нејзиното дишење, отчукувањата на срцето и крвниот притисок во различните фази на ЕР.

Девојката го гледала и слушала сето тоа, иако првично не одговарала на прашањата. Таа се стремела да ги почитува барањата на лекарите, притискајќи им ја раката на медицинските лица.

По “чудесното” враќање во живот, Ана Грин била помилувана, се преселила да живее со своите пријатели во покраината, каде се омажила и родила три здрави деца.

Случајот на Ана Грин ја одбележува првата успешна реанимација во историјата на медицината. Треба да се напомене дека лекарите кои и помагаат почнуваат да се сметаат за најуспешните и реномирани професионалци на своето време.

- Реклама -