Home Технологија Гаџети Кои нови смартфони ќе бидат претставени на почетокот од 2016?

Кои нови смартфони ќе бидат претставени на почетокот од 2016?

0
Кои нови смартфони ќе бидат претставени на почетокот од 2016?

Од шести до деветти јануари ќе се одржи традиционално првиот годишен саем на електроника во Лас Вегас. Еве што може да очекуваат потрошувачите во однос на смартфоните кои ќе дебитираат таму:

Samsung

1(1723)

Големиот светски производител на паметни телефони ќе добие свое претставување на прес-конференција на 5-ти јануари. Постојат шпекулации дека на настанот може да биде претставен следниот модел на компанијата – Galaxy S7, иако шансите за тоа да се случи не се особено големи. Очекувањата за моделот се тој да биде претставен во две варијанти – стандарден и опцијата Galaxy S7 Plus, кој најверојатно ќе има екран од 6 или повеќе инчи. Меѓу уникатните карактеристики на смартфонот се очекува да биде дисплеј чувствителен на притисок (по примерот на iPhone 6S). Друга иновација кај моделот се очекува да биде USB Type-C, како и новиот процесор Qualcomm Snapdragon 820. На прес-конференцијата компанијата може да го претстави и новиот модел Galaxy A9. Според озборувањата тој ќе биде од средната класа, со метално тело и 5.5-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели. Задната камера е можно да изнесува 16 мегапиксели, а оперативната меморија 3 GB. Очекувањата се дека уредот ќе биде придвижуван од процесор Snapdragon 620.

LG

423(13)

Вториот водечки јужнокорејски производител на паметни телефони, исто закажал прес-конференција за 5-ти јануари. На неа компанијата се очекува да ги претстави своите нови модели, односно периодот во кој тие ќе бидат официјално претставени. Постои можност на пресконференцијата да биде претставен моделот со заоблен дисплеј G Flex 3. Шпекулациите се насочени кон тоа дека смартфонот ќе располага со новиот процесор Snapdragon 820, како и 6-инчен дисплеј со резолуција од 2 К. За споредба големината на екранот на неговиот претходник беше 5,5 инчи, што беше претставен повторно за време на саемот во Лас Вегас минатата година. Оперативната меморија на смартфонот е можно да биде под ниво од 4 GB, а задната камера со резолуција од 20,7 мегапиксели. Предната камера ќе биде 8-мегапикселна. Во прилог ќе има сензор за отпечатоци.

Sony

645(3)

Компанијата ќе ја претстави следната генерација на иконскиот модел – Xperia Z6. Сепак постојат гласини дека од таму се подготват за деби на уред од највисока класа, најверојатно Xperia Z5 Ultra. Уредот се очекува да биде со 6.44-инчен дисплеј со резолуција од 4К и новиот процесор Snapdragon 820. Оперативната меморија ќе изнесува 4 GB. Камерата, се разбира, ќе биде 23-мегапикселна од Sony.

Huawei

987(2)

Huawei Mate 8 најверојатно ќе зазема централно место за време на саемот во Лас Вегас. Најважните карактеристики на уредот се новиот осумјадрен чип произведен од Huawei – Kirin 950, со фреквенција од 2.3 GHz, како и 6-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели. Од растечкиот кинески производител на смартфони планираат специјална прес-конференција за 5-ти јануари, на која се очекува да биде претставен нов уред од подмарката Honor.

Lenovo

987(2)

Еден од водечките кинески производители на паметни телефони, исто така ќе присуствува на саемот на почетокот на годината. На него сепак, компанијата ќе се обложи во поголема мера на презентација на новите компјутери и лаптопи. Ова не ја исклучува можноста Lenovo да претстави и некои нови модели од средната класа на кои што работи во моментов.

Asus

4343(2)

Во изминатата година Asus го претстави својот популарен модел ZenFone 2 за време на саемот во Лас Вегас, кој беше првиот паметен телефон во светот со 4 GB RAM меморија. Кој е подобар момент  за претставување на наследник на овој модел, од овој саем?  Ако третата серија на моделот биде претставена за време на изложбата, таа дефинитивно повторно ќе има ниска цена до 300 долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here