Можат ли луѓето да јадат трева?

СПОДЕЛЕТЕ

Безбедно ли е да се јаде трева, барем во кризни случаи кога друг вид храна не е достапна?

Green_GrassВо теорија, луѓето можат да јадат трева. Во суштина, не е токсична. Меѓутоа, во пракса, тревата не е подобна за човечкиот дигестивен систем.

Човековиот желудник не се справува добро со варењето на сурови листови и треви. Животните, пак, на пример кравите, се опремени со посебен стомак со четири комори, кои лесно ја дигестираат тревата. Но, и меѓу нив има такви што имаат проблеми со варење на тревата. Кучињата, на пример, понекогаш јадат трева затоа што им се лоши, а со оглед на фактот што не можат да ја дигестираат, таа им помага да повратат.

Тоа што луѓето не се способни да ја дигестираат, значи дека тревата нема никаква нутритивна вредност за нив. Да се јаде трева би било тотално без поента, а згора на тоа веројатно ќе доведе до дијареја и повраќање, а со тоа и дехидратација.

Другиот проблем со тревата е поврзан со нејзиното џвакање. Нема да најдете стоматолог што ќе биде фасциниран од фактот што сте јаделе трева, бидејќи таа содржи големи количини на силициум, кој брзо ги кородира забите. Тревопасните животни, од друга страна, се опремени со заби кои постојано растат и се обновуваат и соодветно ги надополнуваат „изабените“ делови.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ