Home Букаке Забава Да ми беше поголем, ќе те тужев

Да ми беше поголем, ќе те тужев

0
Да ми беше поголем, ќе те тужев

gavel[1]Законот обично не е многу прецизен кога се работи за клевета и навреда, особено во литературата. Затоа писателите и авторите мораат да бидат многу внимателни кога создаваат карактери „инспирирани“ од вистински луѓе, ако сакаат да избегнат тужба.

Сепак, оние автори што ќе решат да одат до крај, најчесто можат да се потпрат на „правилото на мал пенис“.

Во суштина, тоа е начин да се избегне обвинение за клевата, на тој начин што на карактерот што сте го создале по ликот на некој што го познавате, ќе му доделите пенис со комично разочарувачка големина. Идејата е дека екстремно мал број мажи би се дрзнале да тужат, ако треба да застанат пред судот и да кажат дека одреден карактер од романот, и тоа токму оној со сериозен недостаток во регионот на машкоста, е токму базиран врз нивното лично постоење.

За прв пат „правилото на мал пенис“ се споменува во 1998-та, во статијата на Динитиа Смит објавена во Њујорк Тајмс, макар што реферира на описот што го дава еден познат адвокат за клевета, Леон Фридман. Според него, тоа е итар и подол трик што  писателите го користат за да избегнат тужба, така што на нивниот карактер што отсликува одредена вистинска личност во многу лошо светло, му придаваат особина што никој не би сакал да е негова.

Токму така, трикот не мора да се сведе на „мал пенис“, туку општо, на засрамувачки особини. На пример, други ефикасни тактики се на вашиот лик да му дадете непријатен телесен мирис од кој сите бегаат, да го опишете како грд или дебел, да го направите глупав и ограничен и да го опишете како расист, женомразец или сл. , или да и ги претставите на публиката неговите скриени и невообичаени навики во спалната соба.

Целта е јасна – користејќи го овој трик, и под услов да не го користите вистинското име на оној според кој го моделирате ликот, веројатно ќе поминете неказнети.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here