Лоши ли се „лошите“ емоции?

Човечките суштества се испреплетени од куп чувства, од кои секое е обоено со различни емоции.

На пример, составни делови на љубомората можат да бидат љубовта, лутината и стравот… Секое чувство нè прави единствени, живи суштества. Културата ни наметнува да ги дефинираме искуствата како добри и лоши, позитивни и негативни. Ова не само што не точно, туку дури може да се одрази негативно врз нас.

loshi-emocii

Дали некогаш ви се случило да помислите каков ужасен човек сте, бидејќи сте покажале завист, или затоа што во даден момент сте биле лути на оние што ги сакате. Тешко е да се лутите на некој за кого не ви е грижа. И тука доаѓа моментот на амбивалентност. Светот не е црно-бел, ниту пак чувствувата имаат единствен полнеж.

Голема грешка е да се обидуваме да ги избришеме емоциите, бидејќи, кубејќи ги од своите умови ние ја кубеме вистината. Таа останува длабоко во нас и може да одигра лоша сцена кога ќе исплива без да ја очекуваме. На пример, под дејство на алкохол луѓето прават работи за кои потоа се сожалуваат и си велат: “Тоа не бев јас!”.

Токму затоа што ги криеме “негативните чувства”, наместо да научиме да ги контролираме. За да бидеме среќни, самоуверени и спокојни со самите себе, важно е да се прифатиме такви какви што сме – разнобојни и повеќеслојни сензуални суштества.

Дали некогаш сте размислувале, на пример, дека освен деструктивен – гневот може да биде и корисен.

Со гневот ние се браниме ако некој се обиде да не искористи. Без гнев не би можеле да се заштитиме, зашто таков човек би изгледал срамежливо, безидејно, неавторитетно,  бидејќи неговиот гнев не му служи за да ги наметне своите интереси.

Кога сте лути, најверојатно ќе почувствувате наплив на топлина, срцето ви ќе одлета, ќе заборавите на заморот, движењата стануваат остри и брзи, а гласот од тивок и мирен, станува висок и силен. Лутината е енергија!

А зависта?

Во зависта нема ништо лошо. Таа е нормален квалитет на личноста, кога ја сфаќаме и можеме да ја контролираме и умееме да ја избалансираме со другите емоции. Потребна ни е кога ја користиме при натпревар во работата, во игрите и кога имитираме некого на кого му се восхитуваме. Зависта станува деструктивана кога сакаш нешто што другиот го има. Го сакаш тоа толку многу силно, ни ти самиот немаш никакви надежи да достигнеш до целта.

Let-go-of-suppressed-emotions

Суровоста

Понекогаш мора да повредиме човек за негово сопствено добро.

… И дојдовме до стравот.

Стравот е потребен за да преживееме. Ако се сомневате, замислете дека се искачувате на висока карпа. Ќе се качите ли таму ако не можете да слезете?

Сите наши чувства се корисни ако имаме објаснување за нивното постоење и можеме да ги балансираме, бидејќи ако се обидеме да ги скриеме, тешко ќе можеме да ги контролираме и да ги повикаме кога ќе ни притребаат. Осмелете се да си ги признаете “негативните” емоции, не ги кријте во некоја тајна фиока на душата, обидувајќи се да ги заклучите и да го исфрлите клучот, бидејќи личноста не е серија, таа е интегритет и во некој можеби целосно неочекуван момент, клучот ќе ви се најде …

Автор: Роза Хаџова, психолог и психотерапевт

- Реклама -