Во меѓувреме, во Норвешка

СПОДЕЛЕТЕ

Norway+Trip+(Travel,+Oslo,+and+Trondheim+Arrival)+066[1]

Норвешкиот совет за безбедност во сообраќајот соопшти дека од јануари до декември оваа година, ниту едно дете на возраст помала од 10 години не било убиено во сообраќајна несреќа, било каде во земјата.

Освен ако иронијата не реши да си поигра со овие статистики во преостанатите денови од 2015-та, годинава ќе биде првата во која нема убиено дете на патиштата во Норвешка.

Од советот нагласуваат дека оваа пофална статистика е резултат на многу строга контрола на сообраќајот, но, исто така, и поодговорно однесување на родителите, како и на учесниците во сообраќајот.

„Луѓето имаат подобар став кон возењеот, имаме подобри патишта и побезбедни возила од пред 15 години“, рече директорот на советот – Јан Јохансен.

За скептиците имаме уште малку лоши вести. Тоа што во 2015-та нема загинато дете во Норвешка не е плод само на некоја фина коинциденција. Напротив, Норвешка е на пат да има најнизок вкупен број на жртви во сообраќајот на сите времиња. До крајот на ноември, во сообраќајни несреќи загинале само (се разбира, условно речено) 113 Норвежани, за разлика од лани кога бројката беше 147.

А ние? Да пробаме следната година да бидеме Норвешка, а? Шо викате?

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ