Сериите од нашето детство

Без разлика дали беше во 10 наутро, навечер по Дневникот на МТВ1, или пак рано пред да се оди на училиште – сите оние родени во доцните 80ти или раните 90ти ќе се сетат на речиси секоја од следниве најави за сериски филмови:

Беверли Хилс 90210 – најверојатно на никого не му треба потсетување на ова. Бренда, Брендон, Дилан, Кели, Дона, Дејвид, Андреа, Стив …

Тропска Горештина – Ник Слотер, бркање со џипови по плажи, згодни девојки во бикини, и, се разбира, модниот хит – раскопчани кошули.

Супер Бабичка – во која една бабичка со супер моќи се бори против криминалот во своето гратче.

Рокенрол Клинци – или, американската Дајте Музика… обратете внимание на најмладото девојче, Stacy Ferguson – ви изгледа познато?

Патот за Авонли – на линкот што претходи можете да видите како изгледаат актерите денес.

Бушава Азбука – нешто и од нашето поднебје. Најверојатно начинот на кој повеќето од нас научија како се пишува.

Чувари на Плажа – токму како што кажува насловот. Плажа, и чувари облечени во црвено на неа. Познато на сите.

Савана

Се плашите ли од Темнината? – најверојатно она што сите не запозна со поимот “хорор”. Група тинејџери, седат околу оган и раскажуваат страшни приказни.

Лоис и Кларк : Новите Авантури на Супермен – или, едноставно, Супермен.

Плажата на Залезот – Не се сеќаваме нешто многу освен дека серијата отиде у некој чуден LOST правец и никогаш не ја догледавме затоа што престана да се емитува.

Мојот таканаречен Живот – и, секако, Џордан. Првата љубов на многу, многу девојки.

Семејни Врски

Квантен Скок – скокање од едно до друго место во простор И време? Секогаш возбудливо! Скокање од еден во друг живот? Едноставно неверојатно!

Полна куќа

Ваикики – и повторно, Хаваи, плажа, бикини и коктели…

Полициски Аналитичар – кој не се сеќава на оваа најава? Серија која не ежеше, а сепак едвај го дочекувавме следниот петок.

Виртуелна Реалност 5 – најверојатно првиот допир кој повеќето од нас го имаа со светот на компјутерите. Борба со криминалот е веќе интересно, но борба со криминалот во виртуелната реалност е уште подобро!

Училиште Скршени Срца

Третиот Камен од Сонцето – група на вонземјани која станува фамилија кога доаѓаат на земјата. Арогантниот Дик, силната Сали, љубопитниот Томи и… И Хари.

Слатка Долина

Досиеја Икс

Мрачна Правда

Зона на Самракот – дали некој се сеќава на епизодата со авионот, со зеленото човече на крилото? И… Би требало ли воопшто да зборувам повеќе?

И еден мал бонус.

- Реклама -