Јавните куќи во Скопје

СПОДЕЛЕТЕ

Старите скопјани раскажуваат за историјата на главниот град.

Во Скопје во 1926 год. имало 23 блудилишта (јавни куќи) од кои две третини се наоѓале во центарот на градот. Такви кафеани биле “Босфор”, “Централ”, “Босна”, “Српска круна”, “Космај”, “Загреб”, “Америка”, “Мостар”, “Бачка”, “Железничка казина”, Империјал”, “Деви Хан”, “Маврово”, “Бела кафана”, “Јанче Хан”, “Брзи воз” и други.

На овие локали имало многу јавни девојки кои им се нуделе на посетителите.

staroskopje28

Боривоје Градишки се сеќава на скопските бордели, “Кафе Шантан”, “Златен паун”, “Шангај”, “Бела лаѓа”, “Океан” што се наоѓал кај Мала станица и каде што се собирале уметниците, особено Никола Мартиноски кој насликал еротски сцени на ѕидовите во кафеаната, “Три вили”, “Хајдук Вељко”, “Бела кафана”, “Маврово”, “Америка”, “Космај”, “Пивни избор”, “Марс”и други.

Во Скопје постоело биро со посредници за вработување на невработени лица, но имало и “бироа” што се занимавале со трговија со “бело робје”. На чисто верска основа во овој град работело и уште едно познато биро кое се нарекувало “Завод Св. Марта”, а било основано во 1932 година од страна на католичкиот клер. Се планирало оваа установа да биде “станица за спасување на морално паднати девојки”. Јавните куќи во тоа време биле забранети поради што на овие “девојки за разонода” не се вршела здравствена контрола.Поради големиот број проститутки во градот, санитетската служба во Скопје издала наредба за најстрога забрана за шетање на проститутките низ градот. И покрај нивното прибирање од улиците и нивното носење на медицински преглед, заради здравствена заштита, многу девојки сепак останувале на улиците и “работеле” за 100 динари или пак за 5 банки.

15148df13c400d4cba5436fad0187d38

Освен разновидни гостувања и програми, скопските кафеани нуделе добра храна, домашна и странска, разновидни пијалаци (вајфертово пиво), извонредни вина, разни деликатеси- сирења, шунки, салами, сардини и други мезиња. Музиката која се свирела била разновидна – од валцери, танга, фокстрот, англиски валцери, румба, танго на цвеќето, до ђачко коло, професорка, врањанка и други.

Во спомнатиот период ретко во која крчма во Скопје не се служело јадење. Во крчмата на Боце се приготвувале мезалаци од туршија, сезонски зеленчук, грав со кромид, компир, пиперки, зелка и друго. Во крчмата се служело и кафе. Туршијата за крчмата и за семејството се приготвувала во ќупови, бочви, стаклени тегли, буриња.

129467skopje

Извор: Скопјеинфо

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ