Зошто жена ми плаче: Список на еден маж го изнасмеа светот

СПОДЕЛЕТЕ

По венчавката Арон Жил, комичар од Лондон, одлучил месец дена да запишува што може да ја расплаче неговата сопруга Лекс.

Списокот што го објавил подоцна на Твитер станува планетарно познат.

„Мојата жена плаче апсолутно за сè. Али буквално за сè“, напиша Арон на Твитер кога објави фотографија од списокот.

-Дозна дека лебедите можат да бидат хомосексуалци. Тоа и се допадна и ја трогна многу.

-Мамурна здогледа фотографија од прасе.

-Почекав да падне мрак и потоа се маскирав како чудовиште.

-Зајак успеа да побегне од лисица во документарна емисија.

-Ни снема бисквити.

-Повторно се сети за лебедите.

-Ја фатив за рака кога најмалку очекуваше.

-Подготвив вечера за неа.

-Гледаше видео за некое куче.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ