Дедо Мраз украде хеликоптер

Бразилската полиција се обидува да го пронајде и уапси Дедо Мраз од Сао Поло, кој ја започна божиќната сезона на купување, така што украде хеликоптер.

Како што велат од секретаријатот на државната безбедност во Сао Паоло, крадецот чиј што идентитет не  е познат, во петокот го изнајмил леталото од аеро-такси сервисот на аеродромот „Кампо Марте“.

Deda_Mraz_helikopter

За време на летот, Дедо Мраз го присилил пилотот да одлета на мала фарма надвор од градот Сао Паоло, каде ги дочекал неговиот помошник, односно соучесник во кражбата. Пилотот бил оставен врзан, а двајцата криминалци одлетале.

После неколку часа, пилотот успеал да избега и да ја предупреди полицијата. Немало ни трага од хеликоптерот, со модел “робинсон 44”, соопштија властите од земјата.

- Реклама -