Приоритет на Турција е да ја задржи комуникацијата со Русија

Приоритет за Турција е да се задржат сите канали за комуникација со Русија , изјави Ахмет Давутоглу.

На позадината на кризата во односите со Москва, Анкара по инцидентот со соборениот руски Су-24 за свој приритет го смета задржувањето на сите канали за комуникација со Русија, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Тој додаде и дека за Русија економските односи со Турција се исто толку важни како и на Турција со Русија.

Според него, обидите да наметне на турската страна одговорноста за кризата меѓу Русија и Турција се нереални, како од гледна точка на меѓународното право, така и на добрососедството и пријателството меѓу Русија и Турција.

„Ако се бара одговорност, тогаш треба да се започне од земјата која пред тоа постојано го кршела нашиот воздушен простор.”, смета Давутоглу.

- Реклама -