Кратка историја на фото-манипулацијата (пред Фотошоп)

Ако мислевте дека пред Фотошоп немало фото измами, баш сте наивни. Особено ако мислевте дека во некои од нajпознатите историски фотографии никогаш не биле избришани политичките противници или самите фотографии не биле дотерани за да се постигне поголем ефект и да се манипулира со масите.

29610169[1]

Познатата фотографија на воениот фотограф Роберт Капа, позната како „Паѓањето на воинот“, одамна е мета на сомнежи дека е исценирана. Постојат сериозни докази дека според местоположбата на планините во неколкуте фотографии од фото-серијата, вистинската локација е на 35 милји оддалеченост од местото што се одвивала битката, па со тоа и целата фото-серија е наместена.

29702104[1]

Во познатата фотографија на Абрахам Линколн главата на Линколн е залепена на поимпресивното тело на сенаторот и потпретседател Џон Калхун.

29677426[1]

Композитната фотографија на Ulysses S. Grant, направена во 1902-та, е меш-ап од три други фотографии.

29702017[1]

Сталин бил познат по тоа што ги бришел своите непријатели, како во случајот со Николај Ежов, член на руската тајна полиција НКВД и централниот играч во Големата Чистка. Откако бил избришан засекогаш, Ежов добил ист третман и на заедничките фотографии со Сталин.

29673334[1]

Бенито Мусолини изгледа многу похеројски на фотографијата на која е избришан коњушарот.

29682583[1]

Кинескиот Централен комитет на погребот на претседателот Мао, во 1976-тата. На фотографија се исечени „Четворицата“, кои биле уапсени брзо по настанот.

29673328[1]

Откако му откажал благонаклонетост, Мао (најдесно) наредил да се избрише неговиот противник По Ку од оваа фотографија.

29701999[1]

Оригиналната фотографија на Џон Пол Фило од пукањето на универзитетот Кент Стејт – лево, и ретушираната верзија од магазинот Life, во која е остранет столбот над клекнатата жена.

14780485[1]

Оваа фотографија е од израелскиот воздушен напад врз предградијата на Бејрут, на 5-ти август 2006-тата. На манипулираната варијанта, на левата страна, има додадено повеќе чад.

24032260[1]

Фотографија од тест-испалувањето на проектили на Иранската револуционерна стража, во јули 2008-та. На левата фотографија се гледа дека има проблем со лансирањето на четвртиот проектил, кој останува заглавен на лансирната рампа. Фотографијата е манипулирана (десно) за да се прикаже успешно лансирање на сите четири проектили.

 

 

 

- Реклама -