Зборувај ја вистината, но потоа бегај брзо

Вистинити мисли за вистината.

f2c8f5d642e93ead849e7b70f0e36d29

Рекламите ја содржат единствената вистина која што може да се најде во весниците – Томас Џеферсон.

Не разбирам зошто треба да зборуваме лошо. Ако сакаме да посрамотиме некого, доволно е да кажеме некоја вистина за него – Фридрих Ниче.

Тешко е да се поверува дека човек ја кажува вистината кога ти на негово место би лажел. – Хенри Лујс Менкан.

Зборувај ја вистината, но потоа бегај брзо – Словенечка поговорка.

Верувај на оние кои ја бараат вистината. Сомневај се во оние кои ја нашле – Андре Жид.

Целата вистина поминува низ три фази. Прво, се смета за апсурд. Второ, тоа е насилно запирена. Трето, таа е земена за очигледност – Артур Шопенхауер.

Една чиста вистина го прави животот мирен, една убава лага го прави пријатен – Елин Пелин.

Најдобра политика е секогаш да ја зборуваш вистината, освен ако, се разбира, не си исклучително добар лажго – Џером К. Џером.

Лагата може да обиколи половина свет, додека една вистина е се уште на едно место – Винстон Черчил.

Пази се од половина вистина, може си налетал на погрешната половина – Непознат автор.

Мојот начин да се шегувам е да ја кажам вистината. Тоа се најсмешните шеги на светот – Џорџ Бернард Шо.

Секогаш кажувај ја вистината, така нема да ти се наметнува да го памтиш тоа што си го рекол – Марк Твен.

Секоја будала може да ја каже вистината, но се бара талент, да можеш да лажеш – Семјуел Батлер.

Чистата и едноставна вистина ретко е чиста и никогаш едноставна – Оскар Вајлд.

- Реклама -