Нешто повеќе за Another Brick in the Wall

СПОДЕЛЕТЕ

“Another Brick in the Wall” е името на три песни како варијации на една основна тема, дел од приказната од рок операта на Пинк Флојд, The Wall. Песната е поделена во три дела и сите се напишани од страна на басистот Roger Waters.

another-brick-in-the-wall-gorzow-poland-1356586089_b

Вториот дел е протестна песна против стогиот систем по училиштата што доведе до тоа истата да биде забранета во некои земји. Песната е единствената која станала број еден на светските топ листи во Велика Британија, САД, Западна Германија и бројни земји. За вториот дел, Пинк Флојд беа номинирани за награда Греми за најдобра изведба на рок група, но не ја освоија наградата. Вториот дел исто се наоѓа на 375 место на магазинот „Ролинг Стоун“ во категоријата 500 Greatest Songs of All Time. Во 1980 година вториот дел стана химна на црнечките ученици за време на “Elsie’s River” во Јужноафриканската република, каде се протестираше поради расистичка пропаганда. Истата година песната официјално ја забрани владата на републиката.

Секој од трите дела на песната има слична ако не и идентична структура на текстот и музиката, и секој дел е погласен и пополн со лутина од претходниот дел, менувајќи го расположението од тажно во првиот, демонстративно во вториот, па се до бесно во третиот дел од песната.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ