Трговските центри како капиталистички рингови на црниот петок

СПОДЕЛЕТЕ

Во Америка распродажбите стануваат критикувани, а по светот се повеќе популарни.
“Црниот петок: Бидејќи само во Америка луѓето се тепаат едни со други за распродажби, еден ден откако биле благодарни за она што веќе го имаат”.

Оваа порака ги заобиколи од почетокот на неделава ѕидовите на Фејсбук профилите на бројни активисти против овој комерцијален и плиток тренд.

Како аргумент се избрани фотографии од сцени со луѓе што лакомо влечат телевизори за педесет долари.

black-friday-sales-freebies-ftr

Генерално пораката ја открива човечката природа во нејзиниот најлош облик.

Всушност никој нема потреба од сериозни објаснувања за што станува збор. Целиот свет со години гледа телевизиски снимки од црниот петок во САД и со иронично-одвратен тон заклучува колку се лоши Американците ….

И потоа ги прегледува рекламите за бесни пред божиќни распродажби на локалниот трговски центар, по случајност исто опишани како “црниот петок”.

blackfriday3

Но, пред да се впуштиме во безграничната анализа на потрошувачкото општество, ајде прво да ги расчистиме особеностите на американскиот пример.

Црн петок се нарекува денот по Денот на благодарноста, кој од своја страна се паѓа секогаш во последниот четврток од ноември. Тогаш официјално започнуваат подготовките за божиќните празници.

Трговците соодветно ги нудат најдобрите понуди за подароци, вообичаено со намалувања од 50 до 70%.

Црниот петок во Америка е во принцип неработен и повеќето луѓе се ослободени од обврските по големото семејно славење на Денот на благодарноста. Тоа значи дека имаат многу време за обиколување на продавниците, особено ако се случи времето да е убаво.

црн петок

Според овогодинешните прогнози на Националната федерација на трговците на САД над 135 милиони Американци планираат да купуваат на црниот петок. Сигурно 133 милиони луѓе ги посетиле продавниците во 2014 година.

Не е сосема јасно од каде доаѓа името “Црн петок”

Популарната легенда е дека дури тогаш трговците минуваат од “црвено” кон “црно” во сметководствените книги, бидејќи ги прават најголемите профити во текот на годината (како што ќе видиме, тоа не е точно така).

Другата верзија е дека полицијата го нарекла така поради хаосот по улиците и продавниците.

Кадрите од толпи развиорени низ продавниците во Америка натераа многу трговци во светот да се замислат дали и тие да се впуштат во ваква корисничка авантура.

black-friday-shopping-620km111612-1363291018

Први нога повлекоа во Канада, каде што илјадници луѓе патуваат кон соседите специјално за распродажбата.

Како обид да се запре бегството на клиенти и пари, од 2008 година наваму, канадските трговци исто го отворија својот Црн петок.

Во Велика Британија распродажбите се исто толку популарни што тоа се смета за најсилниот ден за трговците во текот на целата година. Според податоците на весникот Independent, во 2014-та, на црниот петок, онлајн и офлајн, се потрошени 810 милиони британски фунти (над милијарда и сто милиони евра).

За оваа година се очекува сумата да стигне до 1,07 милијарди фунти (над милијарда и пол евра).

Парадоксално, овој тренд зема меѓународен замав, токму кога Црниот петок станува критикуван и омаловажаван како економски фактор во САД.

Да почнеме со тоа, дека онлајн трговијата го промени силно традиционалниот модел.

Не станува збор само за тоа дека доста Американци веќе претпочитаат наместо да стануваат рано и да се фрлат во рингот, да пазарат преку интернет. Денот за тоа е понеделник по црниот петок, т.н. Сајбер понеделник, оваа година паѓа на 30 ноември.

maxresdefault

Онлајн конкуренцијата исто така ги натера традиционалните продавници да ја прошират распродажбата и да почнат да нудат промоции уште од понеделникот пред Денот на благодарноста и да ги држат специјалните цени дури до саботата по него.

Интернетот брзо се сети и не остана поназад на пазарниот прозорец.

Оваа година на пример американскиот Amazon започна да праќа понуди за различни стоки со цени како на црниот петок уште од почетокот на ноември.

Затоа аналитичарите на пазарот зборуваат веќе за “маратон на разпроджабите” наместо класичниот спринт за купување во еден единствен ден. Податоците на американската Национална федерација на трговците за оваа година го потврдуваат трендот. Според нив 60% од луѓето започнале да купуваат подароци уште од почетокот на ноември.

Не сите се среќни од бесконечното снабдување

Обидите на големите синџири да прогласуваат Црн петок уште во четвртокот навечер, односно во ноќта на Денот на благодарноста, се широко критикувани.

Голем број луѓе сметаат дека е длабоко неморално продавачите и вработените во продавниците да бидат принудувани да работат на најголемиот американски празник, наместо да бидат со своите семејства.

Доволно аналитичари констатираат исто така, дека Црниот петок всушност никогаш не бил толку одлучувачки за бизнисот, како медиумската хистерија околу него што нè тера да веруваме дека е така.

Според податоците објавени во списанието на американската рекламна индустрија ADWeek, продажбата во божиќната сезона изнесува само 19% од вкупната во годината, а овие од црниот петок се пак едвај една четвртина од празничните вртежи.

Едноставно кажано, ако во цела година бизнисот не одел, еден ден нема да го среди билансот.

 

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ