Настанувањето на познатите филмски логоа

Малкумина од нас се запрашале, што претставуваат или пак кој стои зад нив. И оправдано е, сепак наше е да се фокусираме на филмот што следува. Но, за едно лого да остане препознатливо скоро еден цел век, па и не е мала работа.

Малкумина од нас се запрашале, што претставуваат или пак кој стои зад нив. И оправдано е, сепак наше е да се фокусираме на филмот што следува. Но, за едно лого да остане препознатливо скоро еден цел век, па и не е мала работа.

DreamWorks SKG – Момчето на месечината
Режисерот Steven Spielberg, директорот на Disney Јеffrey Katzenberg и продуцентот David Geffen, во 1994 година со заеднички сили го основаа новото филмско студио DreamWorks SKG . Како што забележувате SKG всушност се првите букви од нивните презимиња.

dreamworks-logo.jpg

Првичната идеја на Spielberg била логото да ја претставува “златната ера“ на Холивуд. Тој сакал логото да биде компјутерски генерирано, но Dennis Muren, човекот кој што бил специјализиран за визуелни ефекти тврдел дека логото подобро би изгледало доколку тоа е нацртано рачно. Muren го замолил својот пријател, исто така и уметник, Robert Hunt да го направи логото за компанијата.
Hunt, заедно со бараното лого, испратил и алтернативна верзија, која вклучувала младо момче како лови риби седнато на месечината. Тоа му се допаднало на Spielberg, и се останато е историја.
А момчето? Тоа е синот на Hunt, William.

robert-hunt-william-dreamworks-logo.jpg

 

Metro-Goldwyn-Mayer – Лавот Лео
Во 1924 година, Howard Dietz го дизајнирал “Leo the Lion” логото за Goldwyn Picture Corporation. Кога Goldwyn Pictures се споиле со Metro pictures Corporation и Louis B. Mayer Pictures ја формирале MGM , а логото претрпело само мали измени во името.
Од тогаш па наваму, за логото на MGM “глумеле“ дури 5 лавови. Пвриот се викал Slats, Кој се појавувал во периодот на немите филмови. следниот лав, Jackie, бил првиот кој официјално згрчил на големото платно. Потоа следува Тanner, најпознатиот од сите.
По кратко појавување на непознат лав во периодот помеѓу 1956 до 1958, следува и денешниот лав, Leo.

mgm.jpg

Мотото на MGM, “Ars Gratia Artis“ кое се појавува и на логото, значи “уметност за доброто на уметноста“.

20th Century Fox – Светилникот
Twentieth Century-Fox е формирана во 1935 година со спојувањето на Twentieth Century Pictures и Fox Film Company (која во тоа време била театарска компанија).
Оригиналното лого е креирано во 1933 година од страна на уметникот Emil Kosa,Jr. а по соединувањето со Fox тој само го промнил “Pictures,Inc.” со “Fox”.
Покрај култното лого, Kosa, е познат и по тоа што ја направил сликата со срушената Статуа на Слободата во филмот Planet of the Apes .

twentieth-century-fox-logo.jpg

Но, за Twentieth Century-Fox исто така позната е ии музиката која што се јавува на почетокот од секој нивни филм. Нејзиниот наслов е “20th Century Fanfare”, a e компонирана од страна на музичкиот директор на United Artists , Alfred Newman.

Paramount – Планината
Paramount Pictures Corporation е основана во 1912 како резулат на соработката помеѓу Famous Players Film Company и големите театарски работници браќата Frohman.
Првата скица за планината е направена од W.W. Hodkinson и е инспирирана од планината во неговата родна Јута, а планината која што за прв пат се појавува како видео клип, се претпоставува дека е планината Artesonraju во Перу.

paramount-majestic-mountain-logo.jpg

Покрај планината на логото на Paramount се појавуваат и 24 ѕвезди кои ги симболизирале 24-те актерски имиња со кои што во тоа време имале потпишано договор. Моментално на логото можат да се изборјат 22 ѕвезди, но никој неможе да каже зошто е тоа така.

paramount.jpg

Warner Bros – WB
Warner Bros. (официјално е “Bros.” не “Brothers”) e основана од четворица еврејски браќа Harry, Albert, Sam и Jack Warner кои што емигрирале од Полска во САД. Всушност нивните имиња, пред да отидат во САД биле: Hirsz, Aaron, Szmul и Itzhak. Исто така и нивното име на почетокот не било Warner. Се шпекулираат повеќе верзии меѓу кои и презимиња како Wonsai, Wonskolaser дури во некои податоци се споменува и презимето Eichelbaum.

wb.jpg

Логото на Warner Bros. низ времето претрпело многу промени, но во најголемиот дел од нив биле задржани иницијалите.

Columbia Pictures – Мистериозната дама

Кога веќе зборуваме за семеен бизнис, неможеме а да не ги спомнеме браќата Harry и Jack Cohn, кои во 1919 година ја основаа  Cohn-Brandt-Cohn Film Sales. Претходно, нивната компанија се занимавала со нискобуџетни филмови се до 1924 година, кога компанијата ја преименувале во Columbia Pictures Corporation и започнале сериозно да се занимават со квалитетни филмови.

columbia_logo.jpg

Логото на Columbia Pictures e женска персонификација на America. Дизајнирано е во 1924 година, а за идентитетот на девојката никој со сигурност, ни до ден денес, неможе да каже. Многу жени тврделе дека тие се моделот од логото.

columbia-pictures-logo.jpg
- Реклама -