Недела на јапонски филмови во Кинотека

Филмскиот циклус „Недела на современ јапонски филм 2015“ од утре до сабота ќе се прикажува во Кинотеката на Македонија. Сите филмофили и љубители на јапонската култура ќе имаат можност да погледнат филмови во најразлични жанровски категории.

Годинава тематската целина на филмскиот избор е „Динамична Јапонија“. Ќе бидат прикажани филмот со боречки вештини „Танчарот карате кид“, акциониот филм „Опасни женски“, комедијата „Кралот на извинувањето“ и документарецот „Филм за Накамура Канзабуро“.

Dancing_Karate_Kid-0001

– Културната размена меѓу двете држави е значајна за меѓусебно разбирање и почитување. Културата е одраз на идентитетот на една држава, па затоа токму во ваков вид на успешни културни настани ние можеме подобро да се запознаеме со една така далечна земја како што е Јапонија, изјави Александра Младеновиќ, в.д. директор на Кинотека на Македонија.

Филмскиот циклус се реализира во соработка со Амбасадата на Јапонија во Виена и Фондацијата за култура на Јапонија.

- Реклама -