Ѓоковиќ шампионски ја затвори тениска 2015

nole

Денес, Новак Ѓоковиќ славеше над неговиот најголем ривал во моментов, Роже Федерер. Со 2-0 во сетови 6-3 и 6-4, за само 80 минути игра тој ја затвори тениската 2015 на шампионски начин.

Ноле, иако во почетната фаза на турнирот загуби еден меч од Федерер, денес беше оптимист и пред натпреварот и најави дека оваа година ќе ја заврши во негов стил, со победа.

Со оваа победа тој се израмни во меѓусебните дуели со Федерер (22-22), и ја отствари неговата најдобра година во која одигра 15 финалиња, од кои освои 11.

Наредното големо натпреварување ќе се случува во Мелбурн (Australian Open), а таму Новак е апсолутен фаворит.

- Реклама -