Како тероризмот пие нафта и се храни со пари?

По нападите во Париз уште повеќе луѓе се прашуваат какво зло е “Исламска држава”.

618x367
Се тврди дека за 2015-та година “Исламска држава” етаблирала буџет од 2 милијарди долари, главниот дел од овие пари доаѓаат од нелегалната трговија со нафта. Тие заработуваат – и тоа е главната разлика со “Ал Каеда”

На прво читање сите ги гледаме бруталните мажи со автомати, по нив документирани егзекуции, децата со црни знамиња и хоророт дека во име на Алах ја покоруваат западната цивилизација.

Меѓу сето тоа изникна и насилна идеологија, која ги држи во конфузија умовите на потомците на арапските доселеници во Франција, кои се убедувани да станат дел од терористичкото крило, најмногу укажувајќи на нивната несреќа и животот во гетото, невработеноста и недостатокот на едукација, па нивната смисла на животот е да умрат и да го спасат човештвото.

Бранот од исламофобија кој беше укинат во Европа, е рационална последица на еден варварски чин. Но овој чин нема ништо заедничко со религијата, напротив.

“Исламска држава” нуди криво огледало на исламот, изборни прегледници на религијата погодна за да служи како покритие на инвалидитетот, но исто рационална цел – да собира ресурси преку воена сила.

Исламот е само оправдание за пресечените грла, милионите протерани од нивните домови, уништените римски палати и арки во Палмира, егзекуциите на западни новинари. Извинување за крвавиот реванш спрема западната интервенција во регионот на бунтовници и поранешни членови на “Ал Каеда”.

За да замислите точно за што станува збор, еве статистика.

“Исламска држава” го контролира северен Ирак и тргува со нафтените наоѓалишта – за минатата година просечниот извоз е околу 9.000 барели дневно, при тоа по цена меѓу 25 и 45 долари за барел. Освен тоа, тргува и со контејнери. Оваа нафта, преку поткуп на полицајци и шверцери во автономниот ирачки Курдинстан, а исто така и во окупираните територии во Сирија, оди главно кон Турција, Иран и Јордан.

Според американското разузнавање џихадистите заработуваат околу 40 милиони долари месечно само од шверцот на сурова нафта. Извори од службите тврдат дека трите нафтени полиња во северен Ирак произведуваат над 25 000 барели нафта дневно, а според Националната нафтена компанија во Багдад капацитетот стига до 500 000 барели на ден.

Пресметките се спорни, но сигурно износот е многу сериозен на годишна основа – и доволно за да се одржи компактна и добро организирана армија.

Така “Исламска држава” им плаќа на своите борци – по 500 долари месечно и 1200 долари месечно за командант. Водичите на групата гледаат на нафтата како витален елемент за постоењето на калифатот.

Неслучајно последните американски воздушни напади беа не против воените позиции на “Исламска држава”, туку против камионите нафта за Турција во источната сириска провинција Деир ал-Зур.

Другиот главен клиент на крвавата нафта е не кој и да е, туку режимот во Дамаск. Тоа не се признава официјално, но има голем број докази дека претседателот Башар ал-Асад всушност е сојузник на “Исламска држава”, бидејќи ИД ја турка и оневозможува бунтовничката опозиција, која веќе четири години се обидува да го симне од власт.

Корист имаат исто племенските заедници во транзитните територии, кои исто така добиваат нафта од џихадистите.

Откупот е исто добар приход за џихадистите. 

Само лани тие добиле 20 милиони долари за ослободувањето на затвореници, главно западни граѓани. “Исламска држава” тргува исто со девојки и млади жени, киднапирани од освоените територии – тие се продаваат како робинки.

Различни “такси” се собираат од сите кои живеат или минуваат низ нивните територии, тоа се околу 8 милиони луѓе. “Доброволните донации” се пријавени од страна на сопствениците на барови, ресторани, воопшто од приватниот бизнис.

“Даноци” плаќа населението кое не ја исповеда нивната верзија на исламот или друга религија – Ултиматумот е или да ја напуштат, или да “преминат во правата вера”.

Рекетирањето е присутно.

Луѓето се жалат дека со доаѓањето на џихадистите цените на основните производи скокнале неколку пати, а исто така и на услугите, на пример, шпоретите во Мосул скокнале од 7 на 50, а потоа дури на 100 американски долари.

Кога напаѓаат или заземаат одредена локација, екстремистите ставаат рака врз изворите на вода и хранливи резерви, со што практично го држат населението во послушност и страв, па така тоа е принудено да плаќа.

Според британски експерти само од овој населението “Исламска држава” собира по неколку милиони долари месечно.

Организацијата продава антиквитети на црниот пазар, ограбува банки и врши крупни грабежи.

Џихадистите добија многу со завземањето на Мосул, втор по големина и важност во Сирија, бидејќи заедно со градот и нафтените  бунари, во нивните раце стигна и Банката на Мосул – со сите нејзини финансиски ресурси од 430 милиони долари.

Така економијата на теророт се ротира.

Се тврди дека за 2015-та година групата етаблирала буџет од 2 милијарди долари.

На крајот на јули годинава финансиската комисија на парламентот во Ирак излезе со извештај, според кој ИСИС добиле парични трансфери во износ од 6,9 милијарди долари преку разни банки. Истрагата следи 20-тина компании и различни посредници во синџирот кои добиваат сериозни суми.

Во пракса “Исламска држава” е способна да се издржува сама, особено со оглед на фактот што добива безотчетни донации од свои големи приврзаници во нафтените монархии.

Да не заборавиме и дека организацијата користи оружје од различни извори, вклучувајќи ги заробените противтенковски ракети од Слободната сириска армија, напуштени воени единици, како и американско оружје од Ирак.

“Исламска држава” реално делува како квазидржава – има свои затвори, касарни, закони, валута, министри, судови, дури има и даночен систем. Таа тргува и заработува пари, за разлика од митската и зависна од донации “Ал Каеда”. Таа веќе е регионален фактор, а не само тумор, кој треба да биде отстранет.

“Исламска држава” е пред сè политички субјект, бидејќи успева да потчини не само богати нафтени подрачја, туку исто така и умовите на луѓето кои го прифатиле убивањето како нормално, суровоста како правда, а разурнувањето како креативност, во името на Бог, а за множење на доларот.

Превод од странски печат

- Реклама -