Денеска е Меѓународен ден на студентите

СПОДЕЛЕТЕ

logo17nov

Меѓународниот ден на студентите се одбележува како спомен на трагичниот настан што се случил на 17. Ноември 1939 година во Прага.

Имено, на тој ден се задушени студентските демонстрации против нацистичката окупација на Чешка. Повеќе од 1200 студенти биле пратени во логори при што биле стрелани 9 професори и студенти. Причината за овој трагичен настан всушност е убиството на еден студент на универзитетот во Прага од страна на нацистите, неколку дена пред демонстрациите. Повеќе од 1000 студенти дошле на последното испраќање на својот колега чиј погреб се претворил во антинацистички собир.

Меѓународниот ден на студентите од тогаш станал симбол за студентските страданија во целиот свет. За прв пат се одбележува 1941 година.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ