Фејсбук ќе ги брише пораките

„ Многу сме возбудени да ја најавиме новата функција која Месинџерот ќе го направи најдобар начин за комуникација“, истакнуваат од Фејсбук.
Фејсбук започна да тестира во својата Messenger апликација опција која по некое време автоматски ќе ги избрише пораките. Оваа функција засега е достапна само за жителите на Франција.

image

Пораките ќе постојат само еден час, по што ќе бидат избришани.

Нормално, секој од корисниците ќе има можност да избере дали ќе ја вклучи оваа опција или не. Во горниот десен агол од апликацијата се наоѓа икона на песочен часовник преку кој што ќе се вклучува или исклучува автоматско бришење на пораките.

Уште не е познато кога оваа апликација ќе се појави во останатите држави.

- Реклама -