„СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА“ ДОСЕЛЕНИЧКАТА ДРЖАВА (III Поглавје)

СПОДЕЛЕТЕ

Беки беше разведена од богат адвокат од Тулса кој ја развел зошто во тоа време не можела да одолее на водоводџии, односно на Мајк кој дури не ни беше водоводџија туку продаваше цевки за водовод. Глупача!

Dick Major

Уште пред да пристигнам во САД и да пољубам земја амeричка, ми беше фасцинантно што секоја држава во федерацијата си има прекар. На пат до Њу Јорк, додека го цитирав Darth Wader: “I am your father Luke”, си се смешкав под мустаќ зошто одам во Empire State. Потоа ми беше цепки кога го посетив вујко ми во Њу Џерси и на пат натаму, блиску до Патерсон на една регистрација од Југо Америка видов дека е The Garden State. Државата бавча човече!? Калифорнија, после големата златна треска со право си го заслужи прекарот The Golden State, а Флорида како тропска мочвара со преку 260 сончеви денови годишно беше The Sunshine State. Логично.

Screenshot_1

Сега веќе слетав во The Sooner State – Оклахома. И како да ѝ го преведеш името освен ранобудната држава. Ама не било баш така на прва…

“Sooners ги викале белите доселеници кои сакале леб преку погача зошто рано насабајле полагале право на земјиште на територијата на денешна Оклахома,“, како од пушка ми објасни Џоко одПрилеп, мажот на Олга одПрилеп додека ме возеше накај нив дома. Само што ме пречека на Will Rogers World Airport, најголемиот аеродром во Оклахома крстен по некојси Oклахоманец, легендарен каубоец и комичар кој загинал во авионска несреќа во Аљаска! Прикладно.

Screenshot_2

Супер типче беше Џоко. Ризница на корисни информации, но и на тривијални глупости. Како и секој прилепчанец од стариот ков, знаеше сé за апсолутно сé и ако случајно не знаеше нешто за нешто, веднаш ќе измислеше некоја налудничава глупост која ќе ја образложеше со толкава сигурност што и Кинез ќе убедеше дека е уствари Јапонец по потекло.

Исто како што веднаш ме просветли дека Прилеп, а не Скопје, требалo да биде главен град на Социјалистичка Федеративна Република Македонија затоа што првата пушка пукнала воПрилеп а не во Куманово, Џоко ми објасни дека Оклахома значи “црвен човек“ на јазикот на племето Чокота и дека околу средината на деветнаесетиот век “okla humma” требалo да биде федерација на сите црвенокошци.

А јас мислев дека ја крстиле по мјузиклот – будала.

Screenshot_3

Во духот на ирските доселеници, на патот за подобра иднина и јас догалопирав во Оклахома. Ако ништо друго, Оклахома Сити барем го имаше Сити во името и после авантурата низ мочварите на Флорида бев пресреќен што се вратив назад во цивилизација.

Конечно се запознав со Олга одПрилеп. Гласот од телефонот доби лице.
Олга пред сé беше Госпоѓа во обид. Бев изненаден кога видов дека се работи за средовечна жена во своите доцни четириесети затоа што по гласот бев убеден дека е некоја стара бабичка. Имаше кратка ситно виткана црвенкаста коса и големи коцкасти наочари со ретро дизајн кои никогаш не ги вадеше. Ниту еднаш не ја видов без наочари – ниту еднаш во девет месеци, а по сé изгледаше дека ги немаше извадено уште од седумдесетите кога претпоставувам и си ги купила!

Screenshot_4

Во месеците кои следуваа сфатив дека Олга не е така лоша како што прво мислев. Жената беше лукав опортунист со релативно добар смисол за бизнис. За несреќа, неколку години порано во родната Македонија, додека била главен организатор на некаков едукативен камп за деца, во базенот на хотел Белви во Охрид се удавило некое детенце додека било под нејзин надзор. Набрзина, Олга спакувала куфери и сосе Џоко и ќерка ѝ ја спичиле воОклахома. Без да троши време на друга животна професија, Олга продолжила со педагогија и веднаш започнала бизнис со вдомување, едуцирање и генерално менаџирање на студенти на размена.

Како што влегов кај нив дома веднаш фрлив сидро. Одлучив дека не одам никаде додека Олга не ме смести во фин и топол дом и додека не ми најде школо каде ем ќе завршам со диплома, ем без убодни рани од локални црнечки банди.

Работите стоеја вака. Пред воопшто да заминам за САД, Олга ми даде неколку опции за сместување од кои добри три четвртини беа во Оклахома, една во Њу Јорк, една во Калифорнија и нешто во Флорида. Седнавме со моите и со оглед на тоа дека немаше Гугл, после разгледување на големиот атлас на светот и краток осврт на нашето колективно семејно познавање на американските филмови, одлучивме дека било која од обалите е подобра опција отколку каубојската прерија на северо-западот. На крај пресековме да одам во Њу Јорк зошто вујко ми живееше одма од другата страна на реката Хадсон на само стотина километри во Њу Џерси. И додека се ебавав од едно во друго во трето семејство, сите ексклузивни смештаи во Оклахома полека беа зафќани од малата армија ексчејнџ студенти на Олга. Најмногу ме болеше што само десетина дена претходно, кога имав опција да бирам помеѓу Оклахома и Флорида, како штафета ѝ ја предадов опцијата за Оклахома на Костадинка која сега веќе беше удобно сместена во мини дворец со базен и ултра згодна посестра. Јас всушност само задоцнив земајќи кратенка низ џунгла полна алигатори!

Screenshot_5

Во Оклахома Сити беа сместени некаде околу петнаестина студенти на размена кои ги донела Олга одПрилеп. Повеќето беа Македонци плус неколку Срби и една шиптарка од Косово. Скоро сите беа вдомени во фини семејства, во големи куќи со големи дворови, некои со базени, некои добија коли на користење, некои имаа згодни посестри, некои дури добиваа и џепарлак, некои беа во висока средна класа, а некои и во висока – висока класа со готвач и собарица по дома!

За случајно да не фатам корени во гостинската соба кај Олга, Олга веднаш се фрли во акција за да ме смести што поскоро. Веројатно одеше од врата до врата низ маалото и така ми најде семејство. На крај, сепак завршив на петнаесет минути од неа и Џоко, до најблиските прилепчани во Оклахома Сити. И после Господ не бил прилепчанец по табиет!?

Поминаа едвај три дена и две ноќи кога моите побарувања беа исполнети но не и задоволени. Сепак одлучив да го кренам сидрото и отпловив во мојата нова дома. Дај шта даш беше работава.

На помалку од две минути возење низ маалото каде живееше Олга живееше и семејството Ware или на нашки Вер. Мајкл, односно Мајк, жена му Ребека или такозвана Беки, нејзината четиринаестгодишна ќерка од првиот брак Џесика – Џес и тригодишниот Џони кој у старт беше крстен така да не мора да го осакатат со некоја остроумна кратенка.

The All American Family

Ајмо. Почињемо!

Мајк беше наркоман и алкохоличар. Ребека беше викендашки џанак и мераклика која се ебеше со едниот од неговите најдобри другари кој во исто време му беше и адвокат pro bono, како и со првиот пожарникар на кој ќе успееше да налета кога Мајк не беше дома, а дома не гореше. Џесика беше четрнаесетгодишна кучка и курвиче par excellаnce, а Џони имаше само 3 години и беше преслатко мало детенце?

Ок, можеби многу брзо прераскажав нешто за кое ми требаа месеци за да го доживеам. Така што, да тргнеме од почеток.
Да се присетам на деталите додека пишувам. Можеби и не е така страшно…

Screenshot_6

На ептен прв поглед, семејството Вер беше уште едно обично семејство од ниска – најниска средна класа. Живееа во најевтината и најстара куќа во маалото, склопена од штици со високи и тесни процепи наместо стандардни прозорци, без гаража или “двор“ во американска смисла на зборот. Следното пониско ниво би било да живееа во апгрејдирана приколка од типот на таа во која живееа Мо и Феит во Оринџ Каунти.

Со други зборови, глумеа дека припаѓаат во маалото во кое дефинитивно немаа пари да останат уште долго. На таа слабост веројатно играла и Олга која набрзина ме шитна на семејството Вер за само 200 долари месечно, пари кои во тоа време во доселеничката држава не беа малку. Кутија Камел кошташе долар и деветнаесет центи, се сеќавам, а галон бензин беше осумдесет и девет центи. Да ја рентав собата во која ме сместија ќе се исценкав за помалку, а они немаше да мораат да се чувствуваат гордо дека му помагаат на некое безнадежно дете од тој таму некој трет свет наречен бивша Југославија.

Screenshot_7

Запознавање со луѓе со кои знаеш дека би требало да живееш спокојно скоро цела година е слично како кога на свои шеснаесет годинки се запознаваш со родителите на девојка ти со која знаеш дека ќе раскинеш за максимум три месеци откако ќе ја “скинеш“ у градски парк… ако ти дае. Ако не ти дае, и раскинуеш одма и таму!

После три лоши искуства во само еден месец, употребив тактика која толку многу се покажа како успешна што се возев на неа до самиот крај на деведесетите. Откако се претставивме еден на друг и Олга веќе си замина, Мајк и Беки ме прашаа за моите корени и причината зошто сум дојден во Америка. Да не тупам со Крали Марко и неговата славна далматинска лоза на која прилепчаните не се сеќаваат зошто ја ставиле во фолдерот “алцхајмер“ уште во XIV век, јас употребив една многу поскора референца за препознатливот:

“I come from Macedonia, it was a part of Yugoslavia until the horrible war broke out in Bosnia”.

Туга – несреќа…

Како и секој американски гледател на CNN, семејството Вер веднаш спушти поглед во знак на сочувство со моите страдања. Им објаснив дека животот ме донел кај нив за подобра иднина и дека сум им благодарен за помошта, God bless.

Бев сместен во сопствена соба каде имаше биро, плакар и двокатен кревет. Мојата нова помајка Беки ми објасни дека нејзиниот син од првиот брак, десетгодишниот Тревис кој одлучил да живее со татко му, доаѓа чат-пат за викенд па морав да се сместам на долниот душек пошто он сакал да спие горе кога доаѓал на гости. No problem Becky…

Утредента ми беше прв ден на школо и морав да станам порано зошто Bethany High, home of the Broncos беше на другиот крај на градот. Во петнаесет до седум ме разбуди Мајк.

Прочитајте и:  СЕЌАВАЊА НА АМЕРИКА “TEEN ROM-COM“ (III Поглавје)

Мајк. Го сакав човекот, а би требало да го мразам. Не беше лош и ништо лошо не ми направи намерно. Кратката ретка брада и испегланите каубојски Wrangler фармерки не можеа да му ги засенат кристалните црни зеници кои ја искривуваа светлината како црни дупки полни со милениуми наталожена индијанска де-ен-ка на племето Крик. Ама пост-Колумбо историјата на Америка нé научила дека не треба многу отров или болест од белиот човек за да истребиш еден народ не па ли неговата култура.

“Wake up Pit, it’s time to go”, ми се обрати како што кочијаш му кокодака на коњот да побрза. И така се роди мојот нов прекар во домот на семејството Вер – Пит. Се помирив со мојот нов назив и набрзина се средив. Ја облеков најубавата кошула со висока крагна, ги навлеков најтесните патолони и долгата виткана коса си ја сплетов во плетенка за да не бодам очи како да сум Муфаса од Lion King кој го гледавме со Џони претходната ноќ.

Следуваше лесен утрински муабет во трпезаријата: Nice hair Pit; Great jeans Mike… Филтер кафе. Корнфлекс со диетално соино млеко. Чудни насмевки. Цигара. Мини тост со путер од кикирики и банана. Уште една цигара…

Screenshot_8

Влеговме во зелениот Шевролет пикап на Мајк и тргнавме на моето прво утринско запознавање со Оклахома Сити. За Оклахома Сити немам што да кажам, не се сеќавам на ништо интересно, но нашиот прв муабет со Мајк ме остави без зборови – буквално. Додека возеше, Мајк отвори едно мало пластично кутивче:
“Listen Pit, you are going to be staying with us for a while therefore you need to know something”, и извади џоинт.
Бев апсолутно шокиран.
Само момент.
Имав осумнаесет години и нозете сé уште ми беа длабоко во една прилично конзервативна Македонија. Кога доаѓав накај САД, колку и да мислев дека Америка постои само во филмовите, не очекуав дека било кој со три деца по дома дува, па уште помалку дека ќе дели грас со мене – средношколец, на пат до школо во седум сабајле! Дури ми падна и непријатно, навистина. Какво дете бев – будала! Имав дувано само два-три пати дома у Скопје за што сé уште имав грижа на совест и исто толку пати за време на еден ден во Флорида со Лупита и тоа само за да ја импресионирам дека сум откачен како и неа. Тоа дување барем се исплати со пушекурение за кое немав ни грам грижа на совест. Се направив кул и му кажав дека нема гајле.

Мајк ми понуди дим. Прифатив како што Алберт Фон Оберндорф прифатил да го потпише Версајскиот договор на крајот на прва светска војна. Се направив камен со само едно вовлекување. ВО 7 САБАЈЛЕ! Добар грас дуваше Мајк, нема што. Браво Мајк. Фала.

Screenshot_9

Мајк ме остави пред Bethany High school и замина да се занимава со администрација во фирма за продажба на водоводн цевки.

Bethany High school беше баптистичо средно училиште. Џизас им беше во срцата и во гаќите на сите, од наставниците до најзгодото школско чирлидерче кое подоцна открив дека Бога ради, немаше проблем да се ебе у г’з или да испуши пенис ама не даваше света вагина до првата брачна ноќ – лудо.

Додека ме испраќаше на првиот час, училишниот психолог веднаш ми даде до знаење дека во школото средно завршила и Шенон Луцид, астронаутка и првата жена на руската интернационална вселенска станица МИР која требаше да се врати од вселената за некој ден.

“We are all so proud of her Peter, you should be too. Who knows, you might end up there one day as well”, гордо ми кажа сиротото жениче, потенцирајќи со искривена насмевка дека се работи за руска вселенска станица. Претпоставувам дека ја окези насмевката во знак на солидарност, како ние Македонците да сме го лансирале МИР за нашите браќа по Карл Маркс (пошто Македонија во тоа време Сојалистичка – нели!?).

“Да, во право сте Госпоџо“, и продолжива да бидам надуван како балон полн со хелиум…

Screenshot_10

Бетани беше мало гордо и ултра конзервативно школо. Сите беа сомнително фини, сите беа случајно бели и сите беа окезени и весели како да се во некое предградие во филм на Тим Бартон. И како и во филм на Тим Бартон, суровиот сарказам на моето постоење само се потврди кога дознав дека во истото училиште учат Мими од Скопје и Павлина, уште една прилепчанка. Неверојатно, кај живеев до прилепчани, уште и одев во школо со прилепчанка (со добри цицки, морам да признам).

Заклучок: Нема бегање од прилепчани кога низ вените ти тече нивна крф. К-смет!

Директорот и школскиот советник ме прашаа дали сакам да се занимавам со спорт, им кажав “No, thank you very much!“. Ме прашаа кој странски јазик сакам да го учам, им кажав “Española“. Calculus? “Не фала, дај некоја тригонометрија ако може“. Theatre or Debate? “Двете за сметка на физичко please“. Плус Advanced English, Физика, Американска Поезија на ХХ Век и Government кои сите беа обавезни предмети. И така почнав со четврта средно во Бетани. Убаини. И да не чекам до крај, одма да кажам дека без некој посериозен проблем завршив со сите A’s, а за Debate станав легенда на ниво на државата Оклахома. За тоа подоцна, ептен е добра причата!

Screenshot_11

И покрај тоа што цигарите беа релативно евтини, сепак на пат до Америка си купив кило тутун за виткање од фри-шоп-от на аеродромот на Малта. Бев копиљ, а бев дебело навлечен на никотин зошто почнав да пушам у шесто одделение како циганчињата. Нажалост, и ден денеска можам без било што освен без цигара и сé уште сум махер во виткање, талент кој Мајк го искористи до максимум.

Кога дојдов дома после првиот училишен ден, за вечера јадевме meatloaf. Тоа е уствари печење од мелено месо во калап за леб како и што му кажува името “векна месо“. Плус пире од кесичка и ладен Lipton чај наместо салата.

За време на вечерата приметив дека Џес, мојата четиринаестгодишна посестра не беше многу среќна што сум дел од нејзиниот живот.

Џес беше куклеста природна плавуша со проѕирно плави очи, добри цициња и опак табиет. Како и секој добар барутен фитиљ, не ѝ требаше многу за да се разгори и да спизди експлозивно како огномет кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Го мразеше Мајк и ме мразеше и мене зошто Мајк пресекол да им бидам гостин во наредните девет месеци. Тоа ни го даде до знаење на сите уште веднаш:

“This meatloaf sucks Mike. Не јадам. Идам у соба. Добар тек Пит!“, ми посака пријатно јадење со израз на лице на тинејџерка со пролив.

И покрај тоа што Мајк не го направи јадењето кое уствари и не беше така лошо, Беки се накурчи и отиде да ѝ ебе мамицата на Џес во нејзината соба. Со Беки немаше заебанција. Не ја видов Џес до следното сабајле!
Останавме Мајк, тригодишниот збунет Џони и јас.

“Не се секирај Пит“, кратко ме утеши Мајк, “She took a while to get use to Jonny over here too. And he is her little brother. До пубертетот е!“, ми кажа со полна уста мелено месо. Си ждригна и даде до знаење дека е готов кога го бутна празниот тањир пред себе.
Ги сместив прљавите садови во машината за садови во знак на пристојност. Таман да отидам во мојата соба и да избегам од наелектризираната атмосфера која ечеше од собата на Џес, Мајк ме викна во дневна. Седнав на каучот и си играв со Џони додека Мајк ми објаснуваше како стојат работите.

Беки беше разведена од богат адвокат од Тулса кој ја развел зошто во тоа време не можела да одолее на водоводџии, односно на Мајк кој дури не ни беше водоводџија туку продаваше цевки за водовод. Глупача!

Како и било која млада спонзоруша, Беки затруднела и во рок од 5 години му родила две деца на првиот маж кој никогаш не го запознав. Слободна женска ко што си беше, си го нашла Мајк у некој бар и после месец-два лудување била фатена жива у превара. Се развела по кратка постапка. Постарата ќерка Џес отишла со неа, а малиот Тревис одлучил дека е боље со татко му. Мајк, за да не ја загуби поддршката на својот претходник за ќерка му Џес, одма ѝ направил мал индијанец на Беки и тоа е тоа. Среќно семејство. Живееа од своите мизерни плати, од парите на првиот маж на Беки наменети за ќерка му која емотивно одлучила да отиде со мајка ѝ, и од киријата за мојот престој кај нив дома која ја плаќаше Олга одПрилеп односно моите родители.

“I noticed you can role a cigarette Pit. Could you role me a joint?“, ме праша Мајк.

Му свиткав џоинт каков што не видел никогаш и ми се смени животот. Му виткав по најмалку четири џоинти на ден, секој ден, додека не си отидов после девет месеци. Од култура, и јас почнав да дувам со него секоја ноќ а понекогаш и насабајле на пат до школо. Јебига, Мајк ми беше нов пример за татко, а татко мора да се почитува.

Screenshot_12

(следното поглавје за 2 недели)

ЗЛАТНАТА ДРЖАВА (I ПОГЛАВЈЕ)СОНЧЕВАТА ДРЖАВА (II ПОГЛАВЈЕ)

СПОДЕЛЕТЕ