Црната кутија на одборот на А321 не фрли светлина врз несреќата на авионот

СПОДЕЛЕТЕ

Декриптираните податоци од црната кутија на урнатиот патнички авион А321 на полуостровот Синај не помогнале за воспоставување на причините на воздушната катастрофа, пишува рускиот весник “Коммерсант”.

Податоците од апаратот покажаа дека во текот на сите 20 минути на летот сите системи на авионот работеле исправно, но потоа сите апарати од системот на авионот истовремено го прекинале преносот на параметри.

Експертите сметаат дека такво нешто може да се случи како резултат на распарчување на авионот како последица на експлозија.

Според нив, ситуацијата на леталото се развила толку брзо што пилотите дури не успеале да изреагираат, па затоа бескорисни можат да се покажат и записите на нивниот говор.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ