Сè за iPhone 7 од најдобриот аналитичар на производите

Минг-Чи Куо од KGI Securities е познат во интернет просторот како најдобар аналитичар на смартфоните на Apple во светот и човекот со најточни предвидувања за идните смартфони на компанијата.

Куо има добри вести за љубителите на американскиот производител во однос на следниот модел кој најверојатно ќе го носи името iPhone 7. Според Куо следната серија ќе биде претставена во три варијанти, со три различни големини на екранот, иако тоа ќе се случи во текот на следната година.

312123

Сегашните две варијанти на смартфонот ќе бидат дополнети со уште еден- влезен 4-инчен модел со метално тело, кое ќе се разликува од пластичниот модел од евтината серијата “C” на компанијата. 4.7-инчниот модел iPhone 7 ќе биде многу поразличен од 5.5-инчниот модел iPhone 7 Plus. Последниот ќе се одликува со 50% поголема продуктивност и 50% повеќе RAM меморија (3 GB спрема 2 GB за смартфонот со помал екран). Apple конечно се очекува сериозно да укаже на фактот дека најголемиот модел се разликува од стандардниот не само поради поголемиот износ на екранот. Тој се очекува да биде со подобар процесор, повеќе меморија, подобра камера и издржлива батерија – работи кои Apple ги навести кај последните две генерации на моделот.

- Реклама -