Home Спорт Џерард се враќа дома?

Џерард се враќа дома?

0
Џерард се враќа дома?

Steven-Gerrard-007

Верувале или не само неколку месеци по спектакуларното испраќање на едениот од најлегендарните фудбалери во историјата на Ливерпул, Стивен Џерард е на миг пред враќање во клубот.

Имено новиот тренер на црвените, Јирген Клоп имал неколку телефонски разговори со „вечниот капитен“ на Ливерпул. Тие првично договарале Стиви да тренира со поранешниот тим додека трае паузата во МЛС Лигата, но преговорите ја достигнале кулминацијата, кога Клоп го побарал Џерард на позајмица.

47G_Liverpool_Klopp3_bvbnachrichtenbild_regular

Лошата страна е тоа што управата на ЛА Галакси тешко би прифатила ваков потег, но оставаат простор за понатамошни преговори, па ништо не се знае, можеби токму Џерард во наредниве два месеци ќе се врати на Енфилд како мегасензационално засилување.

Во главата на Клоп се врти и името на голманот Марк Андре тер Штеген, кој не е стандарден помеѓу стативите на Барселона.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here