Интер го сака стариот пријател Пирло

СПОДЕЛЕТЕ

pirlo

Светските медиуми пренесуваат дека Роберто Манчини и тоа како е заинтересиран за италијанскиот ветеран Андреа Пирло. Пирло настапуваше за „неразурите“ од 1998 до 2001 кога тогашната управа на клубот ја направи едната од најголемите грешки во клупската историја, Пирло премина во редовите на лутиот градски ривал Милан. Пирло имаше блескава кариера на Сан Сиро. Последните години играше во Јувентус, а оваа сезона заигра и на американско тло.

Не се исклучува можноста, во јануарскиот преоден рок тој повторно да биде дел од италијанското првенство и тоа токму во екипата на Интер.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ