Морничави тајни на стјуардесите и пилотите

СПОДЕЛЕТЕ

Некои луѓе се плашат од она што го знаат, но и од непознатото.

Кога човек е свесен за одредени детали, стравот понекогаш е помал.

Ви откриваме 10 тајни што стјуардесите и пилотите не сакаат да ви ги откријат кога се подготвувате за полетување. И покрај се не заборавајте дека авионите статистички се најсигурното превозно средство.

airline_hostess

 

1. Дали сте знаеле дека од моментот кога маските со кислород ќе се појават над главите имате само 15 минути кислород? Тоа време е доволно за пилотот да го спушти авионот на височина на која што повторно би било овозможено нормално дишење, па токму затоа нема простор ниту пак никаква причина за паника.

2. Дали знаете која е вистинската причина зошто светлата при спуштање ноќе се гаснат? Тоа се прави со цел како вашите очи би се прилагодиле кон темнината ако нештата сепак не се одвиваат онака како што би требало да се одвиваат. А и мора брзо да го напуштите авионот.

3. Дали знаете дека громови ги погодуваат авионите во текот летот иако вие тоа не го забележувате? Можеби ова и не требаше да ви го откриваме…

4. Интересен факт е дека тоалетот во авионот може да се отклучи и однадвор. Кога сте заклучени, всушност во секој момент некој може да ја отклучи вратата и однадвор.

5. Дали знаете дека пилотите во авионот имаат додатна храна во случај остатокот од храната да е отровна?

6. Ако во текот на летот се случи незгода, голем дел од комерцијалните авиони може да летаат само со еден мотор. Утешно, зарем не?

7. Точно објаснување зошто мобилните телефони и компјутерите секогаш мора да ги гасиме во текот на полетувањето и слетувањето сè уште нема.

8. Кога на авионот ќе му откажат и двата мотора, тој може да лета уште некое време. Токму затоа слетувањето и полетувањето се најкритични делови од летот.

9. Водата во авионите и не е со некој особено добар квалитет. Некои авиони се прилично стари, дури и по 50 години, а тоа главно значи дека исто толку многу се стари и резервоарите за вода кои што речиси никогаш не се чистат.

10. Иако во авионите пушењето е забрането, во тоалетите може да се пронајдат пепелници. Објаснувањето за ова е дека ако некој сепак го прекрши правилото и дојде во искушение да запали цигара во тоалетот, сепак да има безбедно место и каде да ја изгаси.

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ