„Исламска држава“ или механичка грешка? Што стои зад падот на рускиот авион

Египетска гранка на џихадистичката група “Исламска држава” тврди дека стои зад падот на рускиот патнички авион кој се урна денеска во Египет.
„Војниците на Калифа успеаја да соборат руски авион во Синајската провинција“, напиша на “Твитер” екстремистичката група. Од групата пишуваат дека соборувањето на авионот е одговор на руската интервенција во Сирија.

Во моментов се анализираат податоците од авионот, па не може да се утврди со сигурност причината.

Во меѓувреме Reuters, повикувајќи се на лице од силите за безбедност во северен Синај, пишува дека според првичниот поглед на местото на несреќата, изгледа како да се работело за техничка неисправност. Нивниот извор дополнил дека околу 150 тела, вклучувајќи издувни трупови биле пронајдени во радиус од 5 километри околу местото на разбивањето на леталото.

Авионот паднал вертикално, што довело до пожар и согорување на големи делови од машината. Во несреќата загинаа 224 невини патници, вклучувајќи го и екипажот.

Прочитај повеќе: Преживеани нема, пилотот барал принудно да слета: Детали за падот на рускиот авион

- Реклама -