Преживеани нема, пилотот барал принудно да слета: Детали за падот на рускиот авион

СПОДЕЛЕТЕ

Руската амбасада во Каиро, потврди дека нема преживеани во несреќата во Египет.

Според информациите на Министерството за цивилната авијација на Египет, авионот А-320 со лет KGL9268 полетал од Шарм ел Шеик за Санкт Петербург во 5.51 часот утрово. Тој исчезнал од радарите по 23 минути лет. Авионот паднал во централниот дел на област во планински регион меѓу градовите Ел Кант и Ел Лаксима, крај градот Ел Хасна.

Руската амбасада во Каиро, потврди дека нема преживеани во несреќата на рускиот патнички авион кој што се урна во Египет. На официјалната страница на социјалната мрежа, амбасадата, изјави дека сите луѓе во авионот загинале, вкупно 212 патници и седумчлен екипаж.

avion

Според последните информации, пилотот побарал дозвола за принудно слетување на аеродромот во градот Ел Ариш поради техничка неисправност, пренесоа Интерфакс,
повикувајќи се на египетските воздухопловни власти.

Според портпаролот на египетскиот комитет за истрага на авијациските инциденти Ајман Мугадем – пилотот на леталото, ги предупредил диспечерите дека настанал “технички проблем” и затоа треба да се приземји што е можно поскоро.

Според радарските податоци авионот губел по 2 километри височина во минута пред да се урне.

avion-rusija

Руската служба за безбедност на транспортот Ространснадзор започна вонредна проверка на авиокомпанијата “Когалимавиа” во чија што сопственост бил авионот.

Последната редовна проверка на превозникот била извршена во март 2014 година, а утврдените прекршувања биле отстранети во зададениот рок.

- Реклама -