365.com.mk дишење

СПОДЕЛЕТЕ

 Ова е многу важен напис. Информациите кои се наоѓаат во овој напис можат да ви го спасат животот. Се осмелувам да кажам и дека ова е еден од најважните Интернет написи напишани било кога! Озбилно! МОЖЕТЕ ДА УМРЕТЕ АКО ЈА НЕМАТЕ ОВАА ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА. Кликнете на сликата веднаш!

breathing

Ова е многу важен напис. Информациите кои се наоѓаат во овој напис можат да ви го спасат животот. Се осмелувам да кажам и дека ова е еден од најважните Интернет написи напишани било кога! Озбилно! МОЖЕТЕ ДА УМРЕТЕ АКО ЈА НЕМАТЕ ОВАА ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА.

Како што знаеме сите, дишењето е најважниот процес за опстанокот. Сите организми мораат да дишат на некој начин. Ова длабоко ме загрижува и не ме остава да спијам навечер. На Интернет неможев да пронајдам упатство како да дишам и да сурфам на 365.com.mk во исто време па затоа почнав да се плашам за опстанокот на корисниците на овој популарен сајт. Конкретни упатства околу оваа проблематика е единствената цел на овој напис.

1. Инсталирајте оперативен систем ако досега не сте го направиле тоа користејќи ги упатствата за инсталација.
2. Boot-ирајте ја машината. Треба да има некој вид на копче за вклучување. Обично е лоцирано на предната страна на куќиштето. Ако не е таму, консултирајте го упатството. Ако не знаете да читате, повикајте го производителот. Ако незнаете како да го повикате производителот, консултирајте го упатството на вашиот телефон. Ако не знаете да читате, некој нека испрати писмо до производителот на вашиот телефон.

3. Гледајте како компјутерот се подига

4. Во некој момент ќе видите екран за логирање. Тоа значи дека веќе го користите вашиот оперативен систем. Логирајте се со вашето корисничко име и лозинка. Ако не знаете како, вашето корисничко име обично е вашето вистинско име, а вашата лозинка е вашиот роденден или евентуално qwerty.

5. Отворете го вашиот омилен Интернет пребарувач и во полето за внесување на адресата напишете https://365.com.mk и притиснете Enter.

6. Ова е важниот дел. Морате да дишете! Ако ова не го направите, можете да умрете. Не можеби, не веројатно, туку навистина ќе умрете! Затоа ќе ви објаснам како.
а) Внесете 500-700ml мешавина од 78% азот, 21% кислород и 1% аргон, хелиум, јаглерод диоксид и други гасови. Ова можете да го направите преку вашиот нос или уста. Носот е препорачан за повеќето корисници.
б) Користете ги своите бели дробови за да го извлечето кислородот од мешавината. Немојте да се збуните и да ги помешате кислородот и јаглерод диоксидот затоа што ќе умрете!
в) Издишете го јаглерод диоксидот и останатите гасови преку носот или устата.
г) Повторете ги упатствата А-В од 12-15 пати во минута.

Со ова го завршувам ова упатство. Ако ги следевте овие упатства внимателно, ќе можете да дишете и да го користите 365.com.mk во исто време. Ако сте корисници на други сајтови, контактирајте ги сопствениците на тие сајтови за упатства.

Крај 

Забелешка на авторот: Нормално, како и со сите мои досегашни интелектуални трудови, сите ќе го ископираат овој напис и ќе се фалат дека самите го напишале.

- Реклама -