Полициска акција поврзана со настаните во Диво Насеље

На три локации во Скопје и Куманово повторно била извршена полициска акција, во потрага по терористите кои извршија напад во населбата Диво Насеље во Куманово.

Од МВР велат дека одземале неколку предмети кои се предадени на истражување, но уште нема упасени лица.

Претресот бил извршен по наредба на судија со цел да се соберат докази под сомневање за тероризам и загрозување на уставот на Република Македонија.

- Реклама -