Втор смртен случај во болница во Гевгелија

Уште еден смртен случај во болница, неделава ја потресе Гевгелија.

Според информациите на „Канал 5“ животот го загуби 14 годишно девојче, кое испило повеќе таблети за намалување на притисокот, за кои се претпоставува дека припаѓале на нејзиниот татко.

Откако се влошила состојбата кај девојчето, итно било хоспитализирано во болницата во Валандово, од каде што било префрлено во Гевгелија, каде што починало.

Семејството обвинува за невнимание на персоналот во гевгелиската болница, бидејќи кога виделе дека состојбата се влошува не го испратиле девојчето за Скопје.

Ова е втор смртен случај во гевгелиската болница, откако неделава животот го загубија родилка и нејзиното бебе.

- Реклама -