ЧАЛАМОТ И ОРОСПИЛУКОТ ВО СТАРО И ДЕНЕШНО СКОПЈЕ

СПОДЕЛЕТЕ

Кој е од онаа вунтраста генерација, шо ги има живеено златните времиња на правиот скопски мангуплук? Мотање риби, мотање гидан на Застава 101, руки намачкани со уље, дремење у гаража со комбинезон и пиење пиво додека на транзистор иде некој хит од Меморија или Леб и Сол? Кој ги памти искачањата у Метропол и МНТ кога населбите од Скопје држеа ред кој каде ќе излага? Имаше цури, немаше секс. Имаше цицки и многу отечени муда. Накај дома си идевме суви као барут али со пуно срце возбуда дека сме чепнале цице или газе. Немаше пердашење као денес иако мангуплукот беше оригинален а многу евтин.

Не беше замачкан со кеш, скупи аута, статус или позиција као денес. Проста мангупарија. Или те бива или не те бива бе брааат. Од Ѓорче и Чаир се тегнеше пешачката до Центар али најголемиот подвиг беше да влезеш у Хард Рок, МНТ, Метропол, Мусандра…Не ти палеше таму фраерлукот на батерии ако си у суратот ко шпорет и ако имаш пантолони кренати над пупак и над глуждеви. У тоа време белиот чарап беше бел чарап. Него го носеа батките од Сарај кои пецаа риби на састав кај Вардар. Белиот чарап и опинокот си беа засебна категорија која беше светлосни години далеку од градот.

Денес секоја втора фаца у градов е мафијаш а никој од нив се нема степано у живот барем еднаш. У она право Скопје секоја сметка се расчистуваше у еден круг од навијачи и двајца фер тепачи. Оној што ќе го бацеше патосот, пушташе рака и не јадеше лајна една година. Имаше респект, машкост и васпитно дигање на клоци. Имаше праќање по цигари, имаше и дрпање ситен рекет од типот КОПИЉ ДАЈ 50 ДЕНАРИ….Е да…Толку беше евтино уличното школо. Она кое денес добар ден од копиљаната го прескокнуваат и со три прерипани трона влагаат у некој филм на Ал Пачино или Мерлон Брандо. Шмркаат Андоли и говнарски Амфетамин наместо Кокаин а имаат фаци ко да го по*бале цел град сосе села и пригратска околина. Напаѓаат у чопор од позади грб 10 души на еден со боксирачи и метални шипки и бегаат и непознат правец со брзина на светлината. Бесот се истура врз ентериер и врз некој недолжен тип затоа шо за на друго место потребни се муда. А ги нема.

Денес дојде време цела млада генерација да биде тероризирана, малтретирана, деградирана а да нема еден муж и еден фраер да плесне со раката на маса и да рече: ЛУЃЕ ЛИ СМЕ ИЛИ ЕБ*НИ ГОВЕДА? Се дигаат ФБ револуции, а од јадење вафли у етер зелка никој не стаил на модрица. Му го сменија кодот на градот, изѕидаа своја приватна бајка а Скопје тоа го проследи со молк. Закопајте го градов сосе љуѓе и бронза. Не знаеш што е по фалц!!!

А девојките си го живеат својот хорор филм. За нив увек нема да се најде асален дечко. Каков пробисвет станаа нема ни да најдат  затоа што на оние поасалните дечки им се тресат ноги муабет да им пуштат. Прво те гледа у џеб а после у мозок иако на путката има 10 грама урда од завчерашното искачање. Гласна музика и дерење на уво. Што беше муабетот? Аха…Стај го патлакот у чашата од која пиеш и напраи едно селфи. Ку*вите нека се тагнат и чекираат каде се и со кого се па можда утре некој ќе им се јави. Ќе им се јави некој да ги издрца. Таква им е надворешната аура. Ќе си шетаат издрцани и постојано ќе пемплаат дека никој не ги ебе два посто. Јеби га…У она другоно Скопје девојките знаеа да задржат дечко и со една фатена цицка, мало трљање и стискавац…Нив утредента пак ги бараа…Ехејјј за нив се одеше пешки од Бутел до Џорче….Нели дечки?

НАПИШНО ОД БУЛЕВАРКО

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ