Секоја недела деца од 3 години убиваат некого во САД

Вестите за деца кои користат огнено оружје во САД, се вообичаени во последните неколку години, а од Washington Post објавија неколку ужасни детали за овој тренд – американските деца пукаат со огнено оружје во просек еднаш неделно во текот на изминативе месеци од почетокот на годината.

dete-pishtol

Имено, во 2015 година медиумите во САД биле информирани за најмалку 43 случаи во кои некој бил застрелан од дете на 3 години или помалку. Во 31 од овие 43 случаи децата пронашле огнено оружје. Тоа значи дека оваа година речиси секоја недела има во просек по еден таков случај.

Момчињата имаат доста сериозна предност во ракувањето со оружје. Од споменатите 43 случаи само во три пукало девојче на возраст под 4 години.

Во 13 од сите случи децата се самоповредиле. Во два други случаи друг човек починал откако бил застрелан од дете – татко во Алабама и 1-годишно дете во Охајо. Ова исто така значи дека американските деца имаат над 1,5 фатални истрели во просек, месечно оваа година.

Овие податоци најверојатно не се комплетни. Веројатно има доста случаи во кои деца застрелале луѓе, при што повредите не биле фатални, па овие приказни не стигнале до медиумите.

Веројатно има и многу други случаи, кај кои мало дете пука и не убива никого. Во овие податоци, исто така, не влегуваат случаите кога мали деца се застрелани, ненамерно или свесно од поголеми деца или возрасни.

Последниот случај е пред неколку дена, кога 6-годишно момче од Чикаго го пронајде пиштолот на својот татко и го уби својот помлад 3-годишен брат, додека си играле полицајци и крадци.

- Реклама -