Гуглање со финта

Едвај има интернет корисник кој не користи Google. Секој знае како да пребарува, но не сите се свесни за некои скриени трикови на сајтот.

Погледнете ги на пример овие 6 корисни работи кои би можеле да ги правите на Google.

1. Да преведувате симболи

Ако се обидувате да дознаете што значи некој кинески симбол на пример, може да побарате помош на Google Translate. Само кликнете на моливот во дното на првата ќелија. Ќе се појави бележник што ви овозможува да направите карактери. Google автоматски ќе го детектира јазикот и брзо ќе ви овозможи превод.

recnik

2. Да даунлоадирате фонтови

Може да користите Google Fonts за да ги преземате сите видови фонтови, од кои имате потреба. Откако ќе го изберете вашиот омилен, можете да ги менувате дебелината, наклонот и ширината на фонтот пред да ги примените за посакуваната цел.

3. Да азгледате различни галерии во светот

Можете да разгледате некои од најпознатите уметнички галерии од целиот свет без да мора да се лишите од удобноста на сопствениот дом. Ова е можно со помош на The Google Art Project. Само со неколку кликања на глувчето можете да уживате во вистински ремек дела.

4. Да го ​​запознаете универзумот

Ако сте љубител на астрономијата или само љубопитни да дознаете како изгледа универзумот, Google Sky ви ја дава оваа можност преку живи слики на различни соѕвездија.

5. Да поставите тајмер

Ако имате важен состанок, на кој што не сакате да задоцните, но се грижите бидејќи имате многу работа одберете ја опцијата за тајмер на Google и продолжете со работата во друг таб. Кога времето ќе истече, Google Timer ќе ве извести.

6. Да се ​​забавувате

Smarty Pins е неверојатна игра со која може да ги тестирате своите знаења во различни области од забава до уметност, од култура до историја…

- Реклама -