Малезискиот авион соборен со ракетата „Бук“

Ракета “Бук” била клучна за соборување на леталото МН17 на авиокомпанијата “Малезија ерлајнс” над Украина минатата година, при што загинаа 298 лица во авионот.

Ова е заклучокот на официјалната истрага за инцидентот, пренесуваат агенциите.

Леталото МН17 се урнало како резултат на детонација на боева глава спроти левата страна на пилотката кабина.

Киев и Западот за падот ги обвинуваа бунтовниците, но Москва и државенот руски концерн за производство на оружје „Алмаз-Антеј“ ги отфрлаат обвинувањата, тврдејќи дека авионот најверојатно е срушен од проектилите „Бук“ на Киев.

- Реклама -