18 повредени во сообраќајка кај Кичево

СПОДЕЛЕТЕ

На релација Кичево – Охрид, во близина на РЕК Осломеј со комбе биле превезувани 18 работници. Според неофицијални информации комбето претекнувало друго возило и се судрило со камион кој доаѓал од спротивната насока.

СВР Охрид потврдува дека 9 лица се потешко повредени и веднаш се префрлени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, додека тројца се пренесени на скопските клиники. Деветмина се полесно повредени

- Реклама -