Home Култура Музика Во спомен на Џон Ленон

Во спомен на Џон Ленон

0
Во спомен на Џон Ленон

На денешен ден починал Џон Ленон.

Џон Винстон Ленон, МБЕ (подоцна Џон Оно Ленон) (9 октомври 1940 – 8 декември 1980) е познат како пејач, композитор и гитарист на Битлси. Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, актер и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесетиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесетиот век.

jon-lenon

Негова жена е Јапонката Јоко Оно од 20 март 1969 година до 8 декември 1980 година, кога Ленон е застрелан од еден негов психички пореметен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.

Во 2002 година, според анкетата 100 Најголеми Британци на Би-Би-Си Ленон е рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласува Ленон за 38 најголем музичар на сите времиња на својата листа “Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха”. На истата листа, Битлси го заземаат првото место.

john-lennon-peace

Во продолжение се потсетуваме на најубавите мисли кажани од големиот музичар

„Животот е нешто што се случува додека сте зафатени и правите планови за други работи“, ова е можеби една од најпознатите мисли што легендарниот музичар му ги остави во наследство на човештвото.

– Ако уживате додека го трошите времето, тогаш тоа време не е залудно потрошено.

– Постојат две главни мотивациски сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се оддалечуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме кон сè она што ни носи животот. Важно е прво да научиме да се сакаме себе си. Ако не знаеме да се сакаме себе си, не можат да не сакаат ни другите. Еволуцијата и надежта за подобар свет тргнува од тоа дека не смееме да се плашиме да го живееме животот со полн здив.

– Верувам во сè, сè додека некој не ми го докаже спротивното. Верувам и во самовили, митови и змаеви. Сето ова постои макар само во нашиот ум. Кој е тој кој може да ни каже што се сништа, а што реалност?

– Сметајте ја својата старост според бројот на пријатели, а не години.

– Кога секој човек би го посакувал мирот онолку колку што посакува нов телевизор, во светот би владеел мир.

– Ако некој мисли дека мирот и љубовта се недостижни, тогаш тој е во потполна заблуда. Љубовта и мирот се вечни.

– Кога имав пет години, мајка ми секогаш ми зборуваше дека клучот на животот лежи во срцето. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав „среќен“. Ми рекоа дека не сум ја сфатил поентата на задачата, а јас им одговорив дека тие не ја сфатиле поентата на животот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here