Србија ја тресна Албанија

Во еден прилично тежок меч, Србија ја доби Албанија на гостинскиот терен во Елбасан со 2-0. Уште пред натпреварот, притисоците беа огромни и за двете екипи.

На крајот Србија славеше и им донесе голема радост на навивачите и покрај слабо одиграниот квалификациски циклус.

„Радувај се и пеј Србијо, ова е голема победа за нас“, изјави Миралем Сулејмани.

„Ова ни беше потребно. Знаевме дека можеме, но требаше да им покажеме и на сите други. Овој тим има иднина, иако во овие квалификации не бевме на нашето ниво. Но, покажавме дека имаме квалитет и дека играме со срце за Србија“, изјави Коларов.

4429

- Реклама -