Home Спорт Дуелот Србија – Албанија од уште повисок ризик, можно е одложување!

Дуелот Србија – Албанија од уште повисок ризик, можно е одложување!

0
Дуелот Србија – Албанија од уште повисок ризик, можно е одложување!

Натпреварот помеѓу Србија и Албанија кој треба да се одигра вечерва во 20:45 часот во Елбасан, можно е да биде одложен поради превисокиот ризик, изјави комесарот за безбедност на ФС Србија.

Работата ескалираше по вчерашното каменување на автобусот во кој се возеа играчите на Српската репрезентација во Тирана. За ова беше известена УЕФА која исто така не ја исклучува можноста за одложување на овој натпревар.

„По каменувањето на автобусот, баравме дополнителни гаранции, а во зависност од идните случувања ќе превземеме соодветни мерки. Сите вложуваат силни напори да се спречат евентуални нови хулигански испади, и домаќините и УЕФА.  Но, доколку процениме дека на било каков начин е загрозена безбедноста на нашата репрезентација можно е натпреварот и да не се игра“ – истакна Мирков.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here