Книги што никој не успеал да ги дешифрира

СПОДЕЛЕТЕ

Овие дела ќе го фасцинираат секој кој „се пали“ на мистерии.

1. Свитокот на Рипли

Сер Џорџ Рипли бил прочуен англиски алхемичар од 15 век.

strangeb1

Познат е по 21 копии на свитокот – слики кои симболизираат алхимични процеси.

Истражувачите на ракописот сметаат дека тоа е Алхемиски “рецепт” за бесмртност. Според некои теории мистериозната алегориска поезија крие уште многу значења.

strangeb2

Сепак, никој никогаш не разбрал што сакал авторот да каже.

2. Кодекс Серафинианус

Создаден меѓу 1976 и 1978 година од италијанскиот сликар и архитект Луиџи Серафини и официјално објавен во 1981 година Codex Seraphinianus претставува илустрирана енциклопедија на имагинарен свет. Книгата има приближно 360 страни, а текстот е напишан на неразбирлив измислен јазик.

strangeb3

Има 11 делови, кои вклучуваат: Флора и ботаника, фауна и животни, чудни суштества, Физика и хемија, Машини, Биологија и сексуалност, историска и верска секција, Јазик, Социјални практики, Забава и Архитектура.

3. Книга на чудата и знаците (Prodigiorum ac Ostentorum)

Конрад Ликостен (Волфхарт) објави во 1557 година во Базел енциклопедија во која се опишани секакви ѕверови и фантастични суштества по сведоштва на патници во далечни земји.

strangeb4

Вистинската мистерија на овој ракопис не се прикажаните чудни и митски суштества, туку прецизноста на описите и цртежите на реалните животни, непознати за тогашните Европејци.

Во неа можеме да видиме носорог, канадски лос, крокодил и други животни од Африка, Азија и новооткриената Америка. Најинтересен приказ претставува прецизната слика на птицата Додо од Маурициус – денес одамна исчезнат вид.

4. Пророштвата на Нострадамус

Пророштвата на францускиот врачар Мишел де Нострдам се објавени во неколку наврати во текот на вековите, откако биле објавени јавно за прв пат во 1555 година Тие претставуваат мистериозни предвидувања на настани од блиското и далечна иднина (со датум 1556 г). Конечното издание на неговите дела е објавено во 1568 година. Книгата овозможува различни толкувања во кои имагинацијата на читателот ја игра главната улога.

strangeb5

5. Египетска книга на мртвите

Книгата претставува збирка на песни, магии и упатства кои се ставаат заедно со покојникот, за да му помогнат да помине низ превезот на смртта до местото на бесмртноста.

Најдобро познат од овие погребни свитоци е “папирус на Ени” – документ изготвен од времето на 19-та династија на древен Египет во периодот на Новото Кралство околу 1240 п.н.е.

strangeb6

- Реклама -