Доделена Нобеловата награда за физика

СПОДЕЛЕТЕ

Нобеловата награда за физика за 2015 година им е доделена на Канаѓанецот Артур Мекдоналд и на Јапонецот Такаки Кајита, за нивното откривање на осцилациите на честичката неутрино.

Шведската Кралска академија на науките соопшти дека нивните експерименти покажале дека сабатомската честичка неутрино која го менува идентитетот и има маса, го променила разбирањето на најскриената работа на материјата и го докажала клучното значење на нашето гледање на универзумот.

Во соопштението на Академијата се додава дека тие ја решиле загатката за честичката неутрино, со која физичарите се бореле со децении. Кајита е директор на Институтот за истражување на космички зраци и професор на Токио универзитетот. Мекдоналд е почесен професор на Универзитетот Квинс во Кингстон, Канада. Добитниците ќе поделат награда од 960 илјади долари. Тие исто така на 10 декември на церемонијата во Осло ќе добијат диплома и златен медал .

- Реклама -