Калифорнија ја озакони евтаназијата

Законот предвидува лекарите да можат да препишуваат смртоносни лекови на пациенти со прогноза за помалку од шест месеци живот.

Смртно болните пациенти во американската сојузна држава Калифорнија наскоро ќе можат да стават крај на својот живот по сила на закон за асистирано самоубиство, потпишан вчера од страна на гувернерот Џери Браун.

Законот предвидува лекарите да можат да препишуваат смртоносни лекови на пациенти со прогноза за помалку од шест месеци живот, кои лично ќе побараат рецепт.

Евтаназијата е легализирана во државите Орегон, Вашингтон, Вермонт и Монтана. Во Калифорнија споровите со овој закон траеа повеќе од 20 години.

- Реклама -