Според Фил Томпсон, Клоп нов тренер на Ливерпул

СПОДЕЛЕТЕ

Покрај сите шпекулации кои овие денови кружат, не само во британските, туку и низ светските спортски медиуми дека Германецот ќе седне на клупата на Ливерпул, поранешниот играч на Ливерпул Фил Томпсон вели дека црвените го одбираат токму овој момент да посегнат по Клоп, бидејќи се чекала одлуката на Челзи во врска со задржувањето на Мурињо.

„Што мислите, по кого ќе тргнеше Челзи доколку го шутнеше Мурињо? Нормално, по Клоп.“

Тој верува дека веднаш по одлуката на управата на Челзи да го поштеди Мурињо, Ливерпул веднаш ги договорил и деталите за трансферот на Јирген Клоп.

„Анџелоти или Клоп, останува да се види“, вели Томпсон.

ancelotti-klopp-liverpool_3359682

 

- Реклама -