Home Мултимедија Психички пореметувања во реалните шоуа

Психички пореметувања во реалните шоуа

0
Психички пореметувања во реалните шоуа

Анализирајќи го однесувањето на учесниците во реалните шоуа, психијатрите издвојуваат неколку пореметувања на личноста. Всушност, токму тоа проблематично однесување е она што привлекува најмногу гледаност.
– Говорејќи со резерва, само по она што се гледа во манифестацијата на однесувањето, учесниците на реалити емисиите во голема мерка имаат пореметувања на личноста, најчесто на граница со асоцијален тип. Речиси во сите нив се појавуваат и особини на низок интелектуален капацитет, што го сметам за особена злоупотреба“, раскажува за „Блиц“ професор др. Милиќ.

На одредена етичка дилема укажува и др. Маја Лачковиќ.

 – Тука мора да се постави прашањето за влијанието на слични ТВ формати, односно правилното расудување на младината, како и прашањето дали нормалните луѓе станаа здодевни?! Кога учесницие во вакви емисии би биле високообразовани, професионално реализирани и културни, која би била гледаноста? прашува докторката.

Да фрлиме краток преглед на пореметувањата од реалните шоуа според експертите:

Постојани конфликти

Дијагноза: Низок праг на толеранција.

Секс пред камера

Дијагноза: Егзибиционизам

Постојани промени во расположението

Дијагноза: Губење на идентитетот

Расправии

Дијагноза: Нестабилност

Малтретирање

Дијагноза: Садизам

Повлекување во себе и нервоза

Дијагноза: Депресија

Стриптиз пред камера

Дијагноза: Психичка декомпензација

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here