„Тапа времево, а?“ …и така цели пет месеци во годината

СПОДЕЛЕТЕ

Една британска студија спроведена на над 2000 лица, открива дека Британците и нивните муабети за времето се подосадни и од самото британско време.

londonrain130815a[1]

Кога Британците разговараат, просечно ја начнуваат темата за времето 3 пати дневно. Температурата, сонцето или дождот се главни актери во муабетот во времетраење по околу 3 минути т.е. 9 минути дневно т.е. 1 час неделно. Најмногу се зборува за студот, па за дождот, па за ветерот, па за топлото време. Времето и точноста на временската прогноза најчесто се спомнуваат во разговорите со непознати, па со постарите лица, па со колегите од работа, па со пријателите, па со родителите.

На истите теми Британците сакаат повремено да си расприкажат и на некои од друштвените мрежи, што просечно се манифестира со по 1 коментар, неделно. Преокупацијата со времето не застанува таму; Британците трошат 11 минути неделно на проверување на временската прогноза на ТВ, на телефонска апликација или на Интернет. Околу 70% од нив, првото нешто што го прават кога ќе се разбудат е да го ѕирнат времето преку прозор, или да слушнат прогноза на радио.

Британците, како и корисниците на такси-услугите, сметаат дека времето е згодна тема за лаф-муабет со непознати лица или пополнување на ненадејните паузи во разговорот.

1304714615_large[1]

„Со самото тоа што времето е често променливо и непредвидливо, станува честа тема на разговор. Времето може многу да влијае на нашите активности и расположение, затоа и толку многу зборуваме за него“, вели Ема Расел, претставник на Heli Hansen – компанијата за спортска облека и нарачател на истражувањето.

Собрано сé на куп, цели 5 месеци од годината, Британците се бафтаат со вечната дилема „какво ли ќе биде времето“.

- Реклама -