Колку чини да се биде Бетмен?

Колку чини детскиот сон?

Доколку не ве каснал радиоактивен пајак и не сте паднале од друга планета, колку и да се трудите да станете суперхерој, нема да успеете без парите кои ви се потребни за купување на возила, опрема и разни гаџети.

Но, колку пари всушност ви се потребни за да станете суперхерој како Бетмен? Историчарот на стрипови Тадеус Ховче дава прилично прецизен одговор:

682.450.750 долари.

Да видиме како Ховче дошол до оваа неверојатна сума.

Имот

betmen-imot

Само имотот на човекот – лилјак се проценува на 600 милиони долари, а за одржување на куќата потребни се 37.000 долари годишно.

Одело

Бетмен-пари-2

Оделото на Бетмен е отпорно на оган и куршуми, па истото би чинело околу 1.058.600 долари.

Возило

 

 

Нема да го видите Бетмен како вози обичен автомобил. Само Бетмобилот би чинел 18 милиони. Бетменовиот мотор би чинел 1.500.000 а Бетменовиот хелихоптер би изнесувал неверојатни 60 милиони долари.

Гаџети

Бетмен-пари-3

Бетмен е опремен со неверојатно добра опрема.

Тренинг

Бетмен-пари-4

Кога би набавиле се што е споменато погоре – автомобил, вила, одело… ќе ви биде потребен и тренинг. За обуката да биде успешна, ќе морате да средите неколку инжинерски дипломи, пилотска обука и обука за огнено оружје.

 

- Реклама -