Само Ниче може вака да искаже љубов

СПОДЕЛЕТЕ

„Дали јас патам е безначајно во однос на прашањето дали ти драга Лу повторно ќе се пронајдеш себе.

Никогаш сум немал работа со толку сирота личност каква што си ти: тотален незнајко, но остроумна жена која го користи она што и е познато. Без вкус, но наивна во таа маана, искрена и праведна во ситни нешта, но најчето неистрајна.

Широко гледано, во целовкупниот став кон животот – нечесна, целосно бесчувствителна во давање или земање: без дух и без способност да сака, во афект секогаш болна и на раб на лудило, без никаква благодарност, без срам кон оние што ти мислат добро и исклучително несигурна. Со недолично однесување, површна по прашање на честа, карактер на мачка – ѕвер маскиран во домашен миленик; галантна како трага од дружењето со галантните; силна волја но мала цел, без чистота и со груба сензуалност; детски егоизам како резултат на сексуална атрофија и незрелост. Без љубов за луѓето, но со љубов кон Бога; вешта во желбата за експанзија, а полна со самоограничувања во однос на машката сексуалност.

Твојот Фридрих Ниче“

Писмо до Лу Андреас Саоме

- Реклама -
СПОДЕЛЕТЕ