Во среда започнува „Виноскоп 2015“ на нова локација со богата музичка програма

На деветиот по ред фестивал на виното „Виноскоп 2015“ кој започнува среда, 30 септември ќе се презентираат 20 македонски вински брендови. Настанот ќе биде исполнет со богата музичка програма.

За забавата ќе се погрижат: Сара Мејс, Миле Кузмановски, Куку Леле, Бојан Маровиќ,Eye Cue, Chill Play, Brass Brothers, Тони Зен и Флека, Лозано, Дани Димитровска, Тијана Дапчевиќ, Суперхикс, Тајзи, Бета Хаус, Самбанса, Ристо Самарџиев, Коверленд, Калевала, Влатко Илиевски, Филип Џез Квартет, Дј Славе, Дј Тина, Кепурдат, Rover’s Hangover, The Hounds, Караваниа, Дејан Цукиќ ( Бајага и Инструктори) и други.

vinoskop2015zadnaprograma

„Виноскоп 2015“ ќе се одржи зад Спортскиот центар „Борис Трајковски“ на паркингот кај Аква парк каде што има голем простор со капацитет за повеќе посетители, како и паркинг места, изјави Фимка Шопова од организација „Темов“. Според организаторите, новата локација е најповолна за овој настан.

Градот за организацијата на овој традиционален настан од буџетот издвои 500 илјади денари.

Фестивалот ќе трае до недела, 4 октомври.

- Реклама -