Клоп, никогаш поблиску до Ливерпул

Сè поверојтно е дека Јирген Клоп, поранешниот тренер на Борусија Дортмунд ќе го прекине долго најавуваниот одмор и ќе се појави на клупата на Ливерпул. PANews BT_P-ee3d5ff3-ae67-45e1-bd2b-3baf0de0d9d5_I1

Клоп беше поврзуван со разни европски екипи, но сепак, најверојатно Ливерпул ќе биде негова следна дестинација.

Според англиските медиуми, Клоп веќе ги договорил висината на платата и висината на трансфер буџерот и останува само да биде прифатен неговиот клучен услов за тој да го замени Роџерс. Клоп, од управата бара одврзани раце во одлуките околу купувањето и продавањето фудбалери.
Доколку управата се сложи, Ливерпул наскоро ќе има нов тренер.

- Реклама -